Северна Кореја ја поддржа руската анексија на украинските територии

Б.С.Б.
/ 04.10.2022 / 13:54

Северна Кореја ја поддржа руската прогласена анексија на делови од Украина, соопштија од Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, обвинувајќи ги САД за примена на „гангстерски двојни стандарди“ во мешањето во работата на другите земји.

Киев и западните сојузници ги окарактеризираа референдумите одржани на окупираните територии како нелегални, а Вашингтон ги повика земјите членки на ОН да не признаваат каков било изменет статус на Украина. Ја повикаа Русија да ги повлече своите трупи од регионот во кои со сила зазеде териториите, каде борбите траат до денес.

Џо Чол Су, советник во Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, порача дека референдумите се легитимно одржани во склад со Повелбата на ОН, а посочи дека „САД имаат гангстерски двојни стандарди“.

„За да одржат ‘униполарен свет’, САД се мешаат во внатрешните работи на независни земји и ги кршат нивните законски права со злоупотреба на Советот за безбедност на ОН“, изјави Џо, пренесе државната новинска агенција KCNA.

Тој додаде:

„САД покренаа агресивни војни против суверени држави меѓу кои и Југославија, Авганистан и Ирак, но Советот за безбедност на ОН никогаш не ј доведе улогата на САД во прашање“, додаде Џо.

Украина ги прекина односите со Северна Кореја, која важи за традиционален руски сојузник, откако во јули Пјонгјанг ги призна двете самопрогласени републики на истокот на Украина.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе