Свет

Северна Кореја: Ким го надгледуваше тестирањето на супер ракетен фрлач

25. август 2019 - 14:22 | Б.С.Б.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше тестирањето на супер голем повеќекратен ракетен фрлач, соопшти севернокорејската агенција KCNA.

Агенцијата соопшти дека тестирањето на оружје спроведено во текот на вчерашниот ден, било успешно, а лидерот бил задоволен.

Според KCNA, Ким ја нагласил потребата за да го засили развојот на стратешко и тактичко оружје за одлучно да се осуетат растечките воени закани и притисокот на непријателските сили.

Непријателските сили на кои се однесува изјавата се САД и Јужна Кореја чии неодамна завршени воени вежби го налутија Пјонгјанг. Северна Кореја на тоа гледа како на вежби за инвазија на неа и спроведе низа ракетни тестирања како одговор,

Јужнокорејската војска вчера соопшти дека Северна Кореја тестираше две балистички ракети со среден домет кои летале 380 километри на максимална висина од 97 метри. Тоа е седмо тестирање во еден месец.

Коментирај