Северна Кореја лансираше две ракети со краток досег во Источното море, пренесе јужнокорејската агенција Јонхап.
Агенцијата наведува дека Пјонгјанг ракетите ги истрела од една своја западна провинција.
Претходно британските медиуми, повикувајќи се на извори од Генералштабот на армијата на Јужна Кореја, пренесоа дека Северна Кореја истрела неидентификувани објекти во морето кај источниот брег на Корејскиот полуостров.
Јапонската крајбрежна стража соопшти дека Северна Кореја лансираше ракети шти слетале надвор од територијата што ѝ припаѓа на ексклузивната економска зона на Јапонија.