Свет

Северна Кореја: Прашањето не е дали ќе има нуклеарна војна, туку кога таа ќе почне

7. декември 2017 - 11:00 | К.З.

Воените вежби на американските и јужнокорејските сили на границата со Северна Кореја, како и коментарите на американските официјални лица за севернокорејската власт претставуваат провокација која ќе предизвика нуклеарна војна, тврдат од Северна Кореја.

Високи претставници на министерствата на Северна Кореја имаа сериозни пораки до САД дека во случај на војна, американците ќе бидат „спалени до смрт“.

„Опасните вежби кои непрестајно ги изведуваат воените сили на САД креираат чувствителна ситуација на Корејскиот полуостров, а насилната реторика на американските политичари доведе до ситуација во која нуклеарната војна е праткично на прагот. Повеќе прашањето не е дали ќе има нуклеарна војна, туку кога ќе почне истата“, изјави претставник на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја за новинската агенција KCNA.

САД и регионалните сојузници извршуваат заедничка воздушна воена вежба, под името Vigilant Ace, која започна овој понеделник. Во неа се користат американски воени авиони B-1B, борбени авиони F-22 Raptor, како и авиони F-35 и F-16.

Јужна Кореја и САД велат дека вежбите се од исклучително дефанзивен карактер и дека со нив, американските и јужнокорејските пилоти ги унапредуваат нивните вештини.

Во воените вежби учествуваат околу 12.000 војници и 230 воени авиони, а тие ќе траат до петок.

Коментирај