ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020

Северна Кореја се повлече од Олимпијадата во Токио

За прв пат од 1988 година и од бојкотот на Летните олимписки игри во Сеул, Северна Кореја, земја што тврди дека нема случаи на COVID-19, нема да се натпреварува на Олимпијадата.

Северна Кореја нема да учествува на Олимписките игри оваа година во Токио за да ги заштити своите спортисти среде пандемијата, соопшти денес тамошното Министерството за спорт.

„Комитетот одлучи да не учествува на 32. Олимпијада за да ги заштити спортистите од светската здравствена криза предизвикана од коронавирусот. На состанокот се дискутираше и за начините за развој на професионални спортски технологии, освојување медали на меѓународни натпревари и промовирање на јавни спортски активности во следните пет години, објави Министерството.

Официјални лица во Сеул и Пјонгјанг на почетокот на април објавија дека ќе ја потенцираат заедничката кандидатура на Јужна и Северна Кореја за домаќин на Олимписките игри во 2032 година, а според Reuters, оваа постапка на Северна Кореја претставува чекор назад во тие планови.

Исто така, Јужна Кореја во Игрите во Токио гледаше можност за подобрување на односите и заживување на мировните разговори меѓу двете земји, кои технички сè уште се во војна, што, меѓу другото, ќе се манифестира во изведбата на одредени комбинирани спортови, според моделот на заеднички тим во женски хокеј на Зимските игри 2018 во Пјонгчанг.

Олимписките игри во Токио, одложени минатата година поради пандемијата на коронавирусот, треба да се одржат од 23 јули до 8 август.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе