Северна Кореја стана младински светски шампион - коментаторот мртов ладен

Фудбалерките на Северна Кореја на супериорен начин ја освоија титулата светски првак до 20 години постигнувајќи ги сите седум победи на Светското првенство што се одржа во Колумбија.

Во групната фаза Северна Кореја ги совлада Аргентина со 6:2, Костарика со 9:0, а Холандија со 2:0.

Во осминафиналето ја победи Австрија со 5:2, по што следеа три победи од 1:0 во четвртфиналето над Бразил, полуфиналето над САД и финалето над Јапонија.

Видеото од единствениот гол на Чое Ил Сон против Јапонија во 15-тата минута го обиколи светот.

И додека се навикнавме на арапски коментатори кои неконтролирано урлаат дури и кога пренесуваат натпревари на тимови и репрезентации кои се оддалечени илјадници километри од нив, севернокорејскиот коментатор на државната телевизија KCNA со сосема смирен тон констатираше дека неговата репрезентацијата постигна гол што на крајот ѝ ја донесе на Северна Кореја третата титула светски шампион во категоријата за фудбалерки до 20 години.

Нема сомнеж, а ова е уште еден доказ дека Северна Кореја навистина се разликува од другите земји во светот.

реклама

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Цариниците спречија обид за шверц на златна плочка вредна 4,5 милиони денари скриена во чевел

Read more

Како играчите на Арсенал ја прославија титулата во Премиер лига

Read more

Фудбал

Азар: Ја сакав 10-ката на Модриќ, не ми ја даде

Read more

Како играчите на Арсенал ја прославија титулата во Премиер лига

Read more

1986 vs 2026 - споредба на албумите на Panini

Read more

Витиња: Сакаме да го освоиме Светското првенство за Кристијано Роналдо

Read more
 

Спорт

Азар: Ја сакав 10-ката на Модриќ, не ми ја даде

Читај повеќе
  • play_arrow

Брансон ги предводеше Никс до голем пресврт и победа над Кавс во првото финале на Истокот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како играчите на Арсенал ја прославија титулата во Премиер лига

Читај повеќе
  • play_arrow

1986 vs 2026 - споредба на албумите на Panini

Читај повеќе

Витиња: Сакаме да го освоиме Светското првенство за Кристијано Роналдо

Читај повеќе

Босански програмери направија мега популарна апликација за размена на сликички за Светско

Читај повеќе

ФФМ како џандар збира: Казнети 9 клубови, играч и тренер со вкупно 26 илјади евра

Читај повеќе

Со Гвардиола си заминува и Гвардиол: Пет играчи од Сити на излезна врата

Читај повеќе

Лаутаро вели дека Кејн е подобар од Халанд, објасни и зошто

Читај повеќе