Северна Кореја: Стариот лудак Трамп ја злоупотребува смртта на студентот

Северна Кореја го обвини претседателот на САД Доналд Трамп дека ја злоупотребува смртта на студентот Ото Вармбир.

Во соопштението, Пјонгјанг го нарекува Трамп „стар лудак“.

Вармбир во јуни годинава беше вратен во САД, откако помина 17 месеци во заробеништво во Северна Кореја поради кражба на хотелски знак, а почина неколку дена подоцна.

Завчера, Трамп тврдеше дека 22-годишниот студент бил „немилосрдно измачуван“ од таинствениот режим, а роителите на Вармбир рекоа дека бил „измачуван и деформиран“.

„Вармбир не трпеше малтретирање додека беше во притвор. Пјонгјанг му ја пружи сета неопходна здравствена нега, наспроти неговите непријателски делувања“, стои во соопштението од севернокорејските власти.

Северна Кореја на тоа одговори со обвинување кон САД дека го „намамиле и втурнале“ Вармбир во ситуација да ги прекрши правилата во земјата, а Министерството за надворешни работи додава дека му била дадена „мисија“ од „американска организација што прави заговор против Северна Кореја“.

„Трамп и неговата ‘багра’, за нивната антисеверокорејска кампања, повторно ја злоупотребуваат смртта на Ото Вармбиер. Фактот дека стариот лудак Трамп и неговата банда го клеветат светото достоинство на нашето врховно водство користејќи лажни, фабрикувани податоци, само ја зголемува омразата на нашата армија и нашиот народ кон САД и нивната желба 1.000-кратно да се одмаздат.“

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Свет

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Read more

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Read more

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Иран се повлекува од договорот за неширење на нуклеарно оружје

Read more
 

Вести

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Читај повеќе

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Читај повеќе

Уапсен скопјанец, возел со 2,57 промила алкохол во крвта

Читај повеќе

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Читај повеќе

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Иран се повлекува од договорот за неширење на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Милена Сиљаноска ја промовира стихозбирката „Куќичка на дрво не може да биде дом“

Читај повеќе

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Читај повеќе