Македонија

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

19. јули 2019 - 9:56 | МИА

Сеул, 18 јули 2019 (МИА) – Северна Македонија и Јужна Кореја официјално воспоставија дипломатски односи, соопшти Министерството за надворешни работи во Сеул.

Заедничкото коминике за воспоставување дипломатски односи вчера во седиштето на ОН во Њујорк го потпишаа амбасадорот на Јужна Кореја, Чо Тае-јул и вршиштелот на работите во Мисијата на Северна Македонија во Светската организација, Сања Зографска Крстеска, пренесува јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

По воспсотавувањето на дипломатските односи, Јужна Кореја очекува засилени билатерални врски со Северна Македонија на политички и на економски план, како и зајакнување на соработката во балканскиот регион, се вели во соопштението на јужнокорејското МНР.

Северна Македонија е 191-тата земја со која Јужна Кореја има воспоставено дипломатски односи.

Коментирај