Фудбал

Северна Македонија со пад на ФИФА-листата

14. јуни 2019 - 15:46 | МИА

Цирих, 14 јуни 2019 (МИА) – Фудбалската репрезентациjа на Северна Македонија доживеа пад од пет места на ФИФА-листата, откако во претходните два меча имаше два порази и тоа од Полска и Австрија.

Северна Македонија заедно со Кина ја дели 73-тата позиција на новата ранг листа.

Белгија останува на врвот, а меѓу најдобрите десет сѐ уште и Франција, Бразил, Англија, Португалија, Хрватска, Шпанија, Уругвај, Швајцарија и Данска.

Репрезентацијата предводена од Игор Ангеловски следниот меч го игра против Израел на петти септември.

Коментирај