Севернокорејски хакери украле над 1 милијарда во криптовалути

Јужна Кореја го обвини својот проблематичен сосед за голема кражба на криптовалути и други дигитални средства.

Хакери од Северна Кореја последниве неколку години украле околу 1,2 милијарди вредни криптовалути и други виртуелни средства, зголемувајќи ја залихата на странски валути на Пјонгјанг, тврди водечка јужнокорејска агенција за шпионажа.

Кражбата се случувала во период од 5 години, а земала залет годинава кога била украдена половина од горенаведената сума, објави синоќа јужнокорејската Национална агенција за разузнавање (НИС). Украдените средства наводно ѝ помогнале на Северна Кореја да ја заживее економијата и да ја спонзорира својата нуклеарна програма во тек на пандемијата со коронавирусот и тешките санкции врз земјата наметнати од ОН.

Хакирањето наводно почнало веднаш откако ОН ги воспостави санкциите во 2017 година, што ги прекина главните профити на земјата од извоз. Севернокорејските хакери ги бие глас дека се меѓу најдобрите во светот кога станува збор за кражба на дигитални средства, бидејќи нивната земја се фокусираше на сајберкриминал како главен извор на финансии, потврди шпионската агенција од Сеул.

Хакерите на Пјонгјанг „талкаат“ по светот барајќи цели за крадење, вклучително и финансиски институции и фирми за криптовалути, додаваат од Сеул. Над 100 милијарди во добивка, или околу 7% од украдените средства, доаѓаат од Јужна Кореја, според извештајот на НИС.

Финансиската загуба не е единствената грижа на Сеул. НИС вели дека Северна Кореја и кинеските хакери ги таргетираат и американските и јужнокорејските технолошки тајни во индустрии како нуклеарна енергија, полупроводници, одбрана и вселена. Пјонгјанг веројатно ќе се обиде да хакира доверливи информации за надворешната политика на Сеул и националната одбрана, вели агенцијата.

Претходно годинава, хакери поврзани со владата на Северна Кореја од компанија за видео игрици украдоа од криптовалутата етериум во вредност по 620 милиони, соопшти ФБИ во април. Официјални лица од Белата куќа наводно во јули забележале дека сајбер кражбите учествуваат со околу една третина во севернокорејската нуклеарна програма.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги негираше американските обвинувања за сајбер напади и онлајн кражби. „Лажните обвинувања имаат за цел да го нарушат угледот на Северна Кореја и му се закануваат на нејзиниот суверенитет“, соопшти министерството, додавајќи: „Затоа, никогаш нема да ги занемариме овие обвинувања“.

реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Од полноќ нова цена на дизелот

Read more

Интернет

Најбогатата ѕвезда на OnlyFans со совет до девојките кои сакаат да отворат профили на платформата

Read more

Instagram има адут во трката со TikTok

Read more

Meta воведува тинејџерски профили за Facebook и Messenger

Read more

Каде завршуваат фотографиите што AI ги претвора во Ghibli илустрации?

Read more
 

Гик

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Читај повеќе

Android 16 е значително побезбеден и поотпорен на измами

Читај повеќе

Nintendo без милост кон пиратеријата

Читај повеќе

Што ја „цица“ батеријата на вашиот телефон?

Читај повеќе
  • play_arrow

Авантуристичката игрица Marvel 1943: Rise of Hydra одложена за 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

DJI го претставува дронот Mavic 4 Pro со подобри камери и поголем дострел

Читај повеќе

Првиот OLED гејминг монитор со 500 Hz во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новиот Samsung Galaxy S25 Edge е тенок само 5,8 мм

Читај повеќе