Севернокорејските затвори се полоши од Нацистичките логори, вели преживеан од Аушвиц

Во последните неколку месеци Северна Кореја е секогаш помеѓу главните теми на разговор во светските медиуми, и останатите светски држави ги осудуваат постапките на тамошниот владетел, Ким Јонг Ун.

По сослушувањето на сведочењата на поранешни затвореници и чувари на затворите во Северна Кореја, судијата Буергентал рече дека условите во овие затвори се полоши дури и од оние во Аушвиц.

Томас Буергентал, кој служеше на Интернационалниот суд на правдата, е еден од тројцата членови на поротата кои одлучија дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун треба да биде осуден за криминал против човештвото поради начинот на кој ги користи неговите брутални политички затвори за да ја контролира популацијата.

„Верувам дека условите во затворите во Северна Кореја се подеднакво, ако не и полоши од оние во Нацистичките логори за време на Втората светска војна“, рече Буергентал, кој како дете поминал време во логорот во Аушвиц.

Тој беше дел од панел во кој учествуваа и Нави Пилај, јужноафрикански судија кој е поранешен комисионер за човекови права во ОН, и Марк Хармон, американски судија кој работеше на воените случаи во Југославија и Камбоџа.

Тројцата слушаа изјави на поранешни затвореници и затворски чувари за да ја утврдат состојбата на затворите во Северна Кореја, како и управувањето на државата од страна на Ким Јонг Ун.

„Не постои ваква ситуација на ниту едно друго место во светот“, изјави Нави Пилај.

Експертите сметаат дека има околу 130.000 Севернокорејци затворени во четири огромни кампови, каде тие се приморани да вршат тешка физичка работа, најчесто работат во рудници, а притоа добиваат многу мало количество на храна и вода.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе