„Sex and the City“: Приказна по која не треба да се водите

Враќањето на серијата „Sex and the City“ во приказната насловена „And Just Like That...“ која својата премиера ќе ја има на HBO Max во декември, предизвика голем интерес кај љубителите на култната серија.

Многумина со нетрпение ја очекуваат премиерата, а секој збор за претстојната серија се чита со внимание.

Да се најде г-дин Ѕверка

Во пресрет на премиерата, авторката на книгите по кои е снимена серијата, Кендис Бушнел, вели дека телевизиската адаптација на нејзината книга не треба да биде пример за никого.

Таа за New York Post изјави дека наоѓањето на Ѕверка, ликот кој го игра Крис Нот, големата љубов на хероината Кери Бредшо, која ја игра Сара Џесика Паркер, не треба да биде примарна цел во ничиј живот.

„Реалноста е дека наоѓањето момче можеби не е вашиот најдобар економски избор на долг рок. Мажите можат да бидат опасни за жените на многу начини. Никогаш не зборуваме за тоа, но тоа е нешто за што жените треба да размислуваат: можете да направите многу помалку кога треба да се потпрете на маж. Сериите и пораката на крајот не беа премногу феминистички, но тоа е телевизија, тоа е забава. Затоа луѓето не треба да го засноваат својот живот на телевизиски серии“, рече Бушнел.

Оригиналната серија е заснована на нејзината истоимена книга, која ги обединува колумните на авторката врз основа на нејзиниот живот. Дарен Стар ги доби ТВ-правата и ја претвори книгата во успешна серија што се прикажуваше од 1998 до 2004 година на HBO, заедно со два играни филмови.

Јавна кавга

Бушнел зборуваше и за новата серија „And Just Like That...“, која премиерно ќе биде прикажана во декември на HBO Max, во која се работи за пријателството меѓу Кери, Миранда (Синтија Никсон) и Шарлот (Кристин Дејвис) кои сега веќе се во нивните 50-ти.

Ѕвездата на „Sex and the City“ Ким Катрал нема да се појави во серијата по големата јавна кавга со Сара Џесика Паркер.

Бушнел ја поддржува нејзината одлука:

„Многу ја сакам Ким, но се чини дека сака да прави некои други работи. Можеби не сака повеќе да биде тој лик.“

Бушнел: HBO ќе заработи пари

Бушнел вели дека не била изненадена што HBO Max одлучил да ја оживее серијата.

„HBO ќе заработи за тоа. Ќе ги користи колку што може“, вели Бушнел.

Таа призна дека не знае никакви детали за новите приказни, додавајќи дека ќе ја гледа новата серија.

„Секако дека ќе ја гледам... И се надевам дека ќе трае шест сезони“, вели Бушнел.

Продолжете да читате: Сите заблуди што ни ги пласираше „Sex and the City“

реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе