Почна сезоната на маслинки, а оваа храна има бројни придобивки за целокупното човеково здравје.
Џон Самер, американски нутриционист кој ги советува спортистите, менаџерите и родителите за придобивките од комплементарната терапија за здравје и превенција, презентираше бројни придобивки што консумирањето на маслинки и маслиново масло му ги носи на телото.
Маслиновото масло го промовира разградувањето на маснотиите во масните клетки, така што можете полесно да се ослободите од салото на стомакот и да ја намалите чувствителноста на инсулин. Луѓето што консумираат најмногу маслиново масло консумираат помалку калории и ретко се дебели. Тестовите на крвта покажуваат дека имаат повисоко ниво на серотонин, т.н. хормон на ситост.
Антиоксидантните и антиинфламаторните својства на маслинките ги прават природна заштита од рак бидејќи хроничниот оксидативен стрес и хроничното воспаление можат да бидат клучни фактори за развој на рак. Со обезбедување на богато снабдување со антиоксиданси и антиинфламаторни хранливи материи, маслинките можат да ја спречат опасната комбинација на хроничен оксидативен стрес и хронично воспаление.
Црните маслинки се богати со масни киселини и антиоксиданси кои ја негуваат, хидрираат и штитат кожата. Витаминот Е во маслинките ја штити кожата од УВ зрачење, а со тоа ја штити од рак на кожа и предвремено стареење.
Една чаша маслинки содржи 10% од препорачаната дневна вредност на витаминот А, кој е неопходен за здрави очи и овозможува подобрување на ноќниот вид.
Маслинките, особено црните, се богати со железо. Способноста на црвените крвни зрнца да носат кислород низ телото зависи од присуството на железо во крвта. Ако страдаме од недостаток на железо, нашето ткиво не добива доволно кислород и може да се чувствуваме студени или слаби. Железото исто така игра важна улога во производството на енергија.