Сезоната на инфекции започна, засилете го имунитетот на вашите деца

Со почетокот на есента стартуваше и сезоната на бактериските и вирусните инфекции, а  на удар како и секогаш се децата како најчувствителни и подложни на пад на имунитетот. Дополнително воздухот во градските средини е најзагаден во зимскиот период што го зголемува ризикот од респираторни инфекции.

Поради сетo ова многу е значајно да обезбедиме соодветен внес во организмот на потребните витамини за овој период. Првиот сегмент на правилна витаминизација е здравата и избалансирана исхрана, а вториот исто така неопходен за подигање на имунитетот е правилно и редовно користење на витамините како додатоци во исхраната.

Речиси и да нема родител кој не слушнал за неопходноста на витаминот Д за детскиот организам. Но колку всушност ги познаваме функциите на овој витамин? Потребата од витаминот Д не се доведува само во релација со превенцијата од рахитисот. Сега истражувањата покажуваат поврзаност со уште многу други и тоа како значајни состојби и болести кај децата.

Функциите на витаминот Д

Често се заборава дека витаминот Д има широк дијапазон на делување во организмот, а речиси е непознато дека голем број на болести настануваат токму поради неговиот дефицит во организмот.

Примарно, витаминот Д му помага на организмот да ги апсорбира  минералите како што се калциумот и фосфорот, а кои се важни за здрави коски и здрави заби. Но, тој исто така функционира како хормон за регулирање на имунолошкиот систем, а значаен е и за производство на инсулин и раст на клетките. Заради сето ова витаминот Д е еден од најважните за здравјето на детето.

Витаминот Д е важен дел од арсеналот за борба против различни инфекции кои се бројни во есента и раната пролет. Во зимскиот период, поради големиот број на денови без сонце, недостатокот на витаминот Д се смета за главен причинител за настанување на грипот.

Витаминот Д е важен за добрата функција на срцевиот мускул, но и за сите други мускули, како и за  нервниот систем. Затоа не треба да нé изненадува фактот дека витаминот Д е еден од факторите кои му даваат енергија на детето затоа што позитивно влијае на работата на мускулите и нервите.

Понатаму важен е за здравјето на кожата бидејќи ја подобрува делбата на клетките на кожата и со тоа учествува во нејзината регенерација.

Токму поради огромната значајност на овој витамин, од октомври до април, педијатрите препорачуваат покрај соодветната исхрана да се земаат додатоци збогатени со овој витамин. Витаминот Д се јавува природно во некои видови храна, вклучувајќи  масна риба, јајца, сирење, млеко.  Со оглед на фактот дека со исхраната може да се внесе само околу 10% од препорачаната дневна доза на витамин Д, суплементите се и тоа како значаен секојдневен додаток во исхраната.

Факти кои можеби не сте ги знаеле

Недостатокот на витамин Д кај децата е чест проблем и сé повеќе причинува забавен развој, задоцнет раст на забите, и слабост во мускулите.  Рахитисот е само една од познатите последици на недостатокот од овој витамин.

Недостатокот на витаминот Д според најновите истражувања се доведува во врска со појавата на аутизмот, односно ниското ниво на серотонин во мозокот кој се развива. Порастот на појавата на аутизам корелира со порастот на недостатокот на витаминот Д.

Низа истражувања покажуваат дека недостатокот на витамин Д може да доведе и до зголемена тежина, замор, намалена концентрација и депресија. Како последица на ова кај децата се јавува недостаток на внимание и послаб квалитет во исполнувањето на училишните обврски.

Витаминот Д им е потребен на сите, на секој организам, но најпотребен им е на децата кои се во развој, а не само на бебињата.

Што да преземете?

Многубројните несакани ефекти и симптоми на недостатокот на витамин Д може да се спречат релативно лесно  и едноставно. Профилаксата на рахитисот започнала уште во 19 век со примена на рибиното масло како богат извор на витаминот Д.

Комбинацијата на витамин Д3 и Омега-3 (рибино масло) во ВИТОСИ додатокот во исхрана е единствена и особено ефективна формула  која го помага растот и развојот кај децата над три годишна возрст. ВИТОСИ се вкусни меки пастили за џвакање кои обезбедуваат внес на потребната количина витамин Д со само 1 пастила на ден.

Создадете им навика на вашите деца за редовен, секојдневен внес на витаминот Д.

Автор: Мр. Фарм. Филип Ачкоски

 

*Промотивен текст

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Здравје

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Read more

Кое е најлошо време да се мерите на вага?

Read more

10 најголеми митови за исхраната во кои треба да престанеме да веруваме

Read more

Алерголог советува кога да почнете да земате лекови за сезонска алергија

Read more
 

Магазин

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Читај повеќе

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Читај повеќе

Стјуардеса откри како ги „казнуваат“ патниците кои не сакаат да го отстапат седиштето на дете

Читај повеќе

Кое е најлошо време да се мерите на вага?

Читај повеќе
Четири типа на пријатели

Четири типа на пријатели кои сите ги имаме

Читај повеќе

Постојано критикување - штетна навика која може да ја уништи врската

Читај повеќе

10 најголеми митови за исхраната во кои треба да престанеме да веруваме

Читај повеќе