Сезонски рекорд на Покушевски

Кошаркарите на Бостон победија синоќа на гостувањето кај Оклахома (132:123) и со тоа им го нанесоа десеттиот последователен пораз во НБА лигата.

Српскиот кошаркар Алексеј Покушевски постигна сезонски рекорд со 19 поени, со шест фатени топки и три асистенции.

На теренот мина 28 минути, шутираше 7/13 од игра, 3/8 за три, а од линијата за слободни фрлања имаше ефект 2/3.

Ова е десетти пат за Покушевски да има двоцифрен учинок на последните 11 натпревари, а го започна на 9 февруари во поразот од Торонто, кога имаше 18 поени, што до синоќа беше негов најдобар учинок.

Тре Ман постигна 35 поени за домашниот тим, со седум скока. Тој влезе во историјата на лигата, како првенец со седум последователни тројки во првото полувреме.

Шеј Гилгес-Александер постигна 31 поен, со девет асистенции, Дариус Бејсли забележа дабл-дабл со 22 поени и 10 скока.

Најдобар во победничкиот тим беше Џејсон Тејтум со 36 поени, седум скока и шест асистенции, Џејлен Браун додаде 25 поени, додека дабл-дабл учинок оствари Грант Вилијамс со 20 поени и 10 скока.

Бостон е на четвртото место во Источната конференција со 45 победи и 28 порази, додека Оклахома е на претпоследното, 14. место во Западната конференција со 20 победи од 72 натпревари.

Remote video URL
Резултати НБА:

Шарлот - Њу Орлеанс 106:103

Кливленд - ЛА Лејкерс 120: 131

Бруклин - Јута 114: 106

Филаделфија - Мајами 113: 106

Чикаго - Торонто 113: 99

Хјустон - Вашингтон 115: 97

Оклахома - Бостон 123: 132

Далас - Минесота 110: 108

Детроит- Портланд 115:119.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе