Сезонските коронавируси не ги штитат децата од COVID-19

Проучувајќи ги антителата кај децата хоспитализирани во Ил Де Франс (париски регион), француските научници заклучија дека инфекциите со сезонските коронавируси (настинки) не штитат од COVID-19, јави дописникот на МИА.

На прашањето за постоење на можен вкрстен имунитет за COVID-19, француската студија ПЕД-КОВИД во која беа опфатени 775 деца, под раководство на Изабел Шермет-Годелус (Инсерм) и Марк Елоа (Институт Пастер) даде негативен одговор.

За време на пандемијата се чинеше дека младите луѓе изгледаа  помалку погодени од возрасните од новиот коронавирус и имале помалку тешки форми на инфекција, оттука и хипотезата за вкрстена заштита, добиена од четири сезонски коронавируси, на кои сме изложени уште од раното детство. Една американска студија објавена од списанието Целл, неодамна донесе аргументи во прилог на овој вкрстен имунитет покажувајќи дека 50% од луѓето кои не биле изложени на SARS-CoV-2 имаат Т4 лимфоцити кои го препознаваат овој вирус.

Француските истражувачи му пристапија на прашањето директно од аголот на заштита дадена од претходна инфекција со сезонски коронавируси, откриени со присуство на нивни антитела.

За ова, тие формирале група од 775 деца на возраст од 0 до 18 години, кои консултирале или биле хоспитализирани од друга причина, а не за COVID-19 во болниците во Ил Де Франс помеѓу 1 април и 1 јуни. Во студијата се вклучени и триесет и шест млади пациенти со мултисистемски воспалителен синдром, поврзани со Кавасаки болеста со избирање случаи на деца заразени со новиот коронавирус. Кај оваа популација, истражувачите спроведоа потрага по антитела против SARS-CoV-2 и против четири сезонски коронавируси.

Резултатот е следниот, кај 10 до 15 отсто од децата имаа позитивна серологија за новиот коронавирус. Ова е споредливо со стапката што неодамна ја забележа тимот на Роберт Коен во една студија на 600 млади жители на Ил де Франс, следени од педијатри кои работат во приватниот сектор. Како и во другите педијатриски серии, инфекцијата беше често не многу приметлива, па дури и невидлива: скоро 70% од овие млади никогаш немале никакви евокативни симптоми. Во повеќе од половината од случаите, истражувачите истакнале т.н. неутрализирачки антитела.

 „Ова значи дека тие го неутрализираат вирусот во лабораторијата, но во клиничка смисла, не знаеме каква концентрација  прави возможно да се спречи нова инфекција“, појаснува професорот Изабел Сермет-Годелус, педијатар во болницата Некер и прв автор на студијата.

Главната новина на овај труд е демонстрацијата на отсуство на вкрстен имунитет помеѓу коронавирусите. Антителата против четирите сезонски коронавируси биле пронајдени кај 70% до 100% од овие деца, слично на младите луѓе кои биле негативни или серопозитивни за SARS-CoV-2, без оглед на интензитетот на симптомите. Овој наод сугерира дека сезонските инфекции со коронавирусот не обезбедуваат заштита од новиот коронавирус, ниту пак ја олеснуваат инфекцијата.

Факт што не го изненадува Марк Елоа.

„Заштитниот вкрстен имунитет помеѓу вируси од различни видови, дури и од исто семејство, се исклучителни“, потенцира вирологот. Доколку новиот коронавирус се однесува како сезонските коронавируси, кои циркулираат и покрај многу високото ниво на имунитет на населението прикажано во студијата, ова набљудување ја доведува во прашање можноста на населението да достигне ниво на имунитет, доволно за да спречи редовно повторување на болеста. Со други зборови, SARS-CoV-2 може да остане уште многу долго присутен меѓу нас.

Многу прашања остануваат неодговорени: во отсуство на вкрстен имунитет, кое ниво на заштита го дава првата инфекција со овој вирус и колку долго.

 „Ние имаме елементи на одговор со кохортни студии и испитувања за вакцинирање кај примати, предвидува Марк Елоа. Групата на деца од Ил Де Франс ќе се следи и понатаму за да се измери еволуцијата со текот на времето на антителата и клеточниот имунитет.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more
 

Магазин

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе