СФМ ќе организира тестирање на македонските фудбалери за COVID-19

Синдикатот на Фудбалери на Македонија во соработка со десетте прволигаши ќе организира масовно тестирање на сите фудбалери како и сите инволвирани лица во најквалитетната македонска фудбалска лига.

И македонската Прва лига треба кога-тогаш да продолжи, иако од ФФМ с уште немаат конкретен датум кога тоа би се направило. Министерството за здравство треба да даде дозвола кога клубовите би започнале со тренинзи, а за да истрчаат на зелениот терен треба и сите да направат тестирање за коронавирус.

Претседателот на СФМ, поранешниот репрезентативен дефанзивец Панче Ќумбев, потврди дека СФМ ќе го организира тоа тестирање преку соопштение кое го пренесуваме во целост:

„Синдикатот на Фудбалери на Македонија (СФМ) во координација со клубовите од Прва македонска фудбалска лига ќе организира тестирање на коронавирус на сите фудбалери, тренери и стручните штабови коишто доброволно ќе сакаат да се тестираат. Пред и за време од започнување со нормален тренажен процес мобилна екипа ќе доаѓа по клубовите и ќе врши тестирања со цел фудбалерите и сите што имаат контакт со нив во клубовите безгрижно да можат да си ги извршуваат своите работни задачи. Во преговори сме со една од приватните клиники и се надеваме ќе најдеме заеднички јазик и можност ова да го спроведеме во целост. Начелно добивме согласност од сите клубови. Во моментов како синдикат сме финансиски моќни да организираме едно тестирање (тестирање на преку 300 луѓе) и доколку е потребно најмалку три тестирања како во некои европски земји се надевам ФФМ и прволигашите ќе смогнат сили и обезбедат средства за другите две тестирања. Да напоменам дека немаме можност за тестирање на сите второлигаши и временски и финансиски, но доколку некој играч, тренер или било кој член од клубовите од Втора лига пројави интерес за тестирање слободно нека нѐ контактира и ќе му овозможиме тестирање.

Да напоменеме дека сите тестирања СФМ комплетно ги покрива, без никаков трошок за клубовите и играчите.

Се надевам дека преговорите со клиниката ќе бидат успешни и оваа акција ќе ја спроведеме во целост.

Претседател на СФМ,
Панче Ќумбев“.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе