Живот

Шаховски велемајстор призна дека мамел на турнир со помош на смартфон

14. јули 2019 - 17:08 | К.З.

Интернационалната шаховска федерација го суспендираше велемајсторот Игорс Раусис поради тоа што беше фатен како мами за време на турнирот одржан во Стразбур, Франција. Шахистот ги призна обвиненијата и понуди објаснување зошто го направил тоа.

Раусис (58) беше испратен пред дисциплинската комисија, а претседателот на интернационалната шаховска федерација изјави дека „организацијата ќе застане на патот на секој кој ќе се обиде да мами во шаховската игра“.

Летонско-чешкиот шахист беше фатен како го користи неговиот смартфон за време на турнирот кој беше одржан во Стразбур. Генералниот директор на шаховската федерација, Емил Сутовски, на Facebook напиша дека Раусис бил сомнителен подолго време и ова било само првиот чекор во борбата против мамење.

„Вчера го загубив умот. Нормално дека признав дека мамам, што друго можам да кажам? Бев изморен од утринскиот меч и го употребив смартфонот. Ова е добра лекција – можеби не за мене, бидејќи го одиграв последниот меч во кариерата, но добра за спортот“, изјави Раусис.

Тој беше освојувач на велемајсторската титула во 1992 година и во текот на изминатите години ја претставуваше Латвија, Бангладеш и Чешка. Иако не постојат докази дека мамел пред овој случај, сепак сомнително е неговото нагло искачување на ранг-листата во последните неколку години.

Случајот беше пријавен и кај француската полиција.

Коментирај