Шах-мат од НАТО: Војна нема да има

НАТО не планира да испрати борбени трупи во Украина, изјави првиот човек на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Практично, тоа значи дека Западот ја спушти топката во конфликтот со Русија, исто како што направи официјална Москва неколку часа претходно.

Столтенберг призна дека во Алијансата има несогласувања за прашањето како да ѝ се помогне на Украина, која вознемири половина свет поради акумулацијата на руски војници на нејзината граница.

„Не знаеме точно какви се намерите на Русија кон Украина за да донесе избрзани одлуки за такво прашање“, рече Столтенберг, додавајќи дека секој следен потег и одлука на НАТО ќе зависи од развојот на настаните.

„Нема гаранции за намерите на Русија и можеби не донеле конечна одлука. Значи, од перспектива на НАТО, ние сме подготвени да се вклучиме во дипломатски напори, но исто така сме подготвени да ѝ одговориме на Русија доколку има војска конфронтација во Украина, ние сме за двете опции“, рече Столтенберг.

Тој исто така изјави дека Русија распоредува илјадници војници во состојба на борбена готовност, како и авиони и системи S-400 во Белорусија, пренесе Reuters. Столтенберг преку интернет ѝ се обрати на јавноста од Брисел на состанок на аналитички центар од Вашингтон.

Тој, исто така, рече дека НАТО никогаш нема јавно да објави што би било поттик за активирање на Силите за брза реакција на Алијансата.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе