Шахпаска: Градинките остануваат отворени

Скопје, 18 ноември 2020 (МИА) – Согласно последниот извештај што Министерството за труд и социјална политика го испратило до Комисијата за заразни болести во земјава, 21 дете кое посетува градинка било позитивно на вирусот, како и 179 вработени.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека овие бројки и сегашната состојба во градинките укажуваат дека тие можат сѐ уште да останат отворени. За евентуално затворање ќе одлучува Комисијата за заразни болести ако на тоа упатува епидемиолошката состојба.

-Здравствените власти се на став дека трансмисијата и преносливоста на вирусот меѓу децата е многу ниска и затоа бројката на позитивни деца е многу мала. Сакам да кажам пред граѓаните дека 9.630 деца посетуваат градинка. Тоа значи дека нивните родители можат да одат на работа. Дополнително трансмисијата на вирусот доаѓа од надвор затоа што децата кои се позитивни имаат позитивни членови на нивните семејства. Ние будно ќе го следиме процесот и согласно состојбите ќе носиме одлуки, рече таа, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето Договори за грантови за развој на социјални услуги со општините.

Одлуките, додаде, не се само во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, туку пред се на здравствените власти.

-Како ресор, Министерството за здравство има најголем удел и прави проценка дали треба или не да останат отворени градинките. Согласно моменталната состојба јас мислам дека тие можат да бидат во функција. Нам ни е најважно здравјето на дечињата и на вработените, рече Шахпаска.

Таа најави дека следната седмица ќе има состаноци со директорите на градинки од целата држава за да разговараат како тие ги менаџираат процесите и како Министерство да ги чујат нивните мислења.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе