Шахпаска: Градинките подготвени за прием на деца, слободни уште 4.500 места

Министерката за труд и социјална политика, Јахода Шахпаска, денеска изјави дека установите за згрижување и воспитување се подготвени на 9 септември да ги примат децата согласно здравствените протоколи. Сите установи во земјава согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија имаат капацитет да примат 19 илјади деца, а досега интерес за згрижување покажале родители на 14.555 деца.

– Анализата на податоци од градинките покажа дека тие се подготвени наредната среда, на 9 септември, да почнат со работа и да ги примат и згрижат децата согласно утврдените протоколи. Приоритет за посетување градинка ќе имаат децата на самохрани родители или на двајца родители кои се вработени и ќе донесат потврда од работодавачот дека работата не може да ја извршуваат од дома. Согласно протоколите за работа, градинките имаат капацитет да згрижат 19 илјади деца, но интерес за згрижување покажале родители на 14.555 деца, истакна на денешната прес-конференција министерката Шахпаска.

Таа појасни дека доколку градинките имаат повеќе слободни места односно согласно критериумите од протоколот можат да згрижат повеќе деца од приоритетните, тогаш можат да прифатат други деца кои се запишани во градинката. Согласно протоколите, групите до 2 години треба да имаат максимум 6 деца за кои ќе се грижат двајца вработени, а групите од 3 до 10 години најмногу 15 деца за кои ќе се грижат двајца вработени.

Шахпаска информира и дека Владата им препорачала на општините да обезбедат или адаптираат дополнителен соодветен простор ако за тоа има потреба, како и соодветен кадар за временскиот период за време на траењето на пандемијата ако градинката има потреба, со цел, како што рече, да се обезбеди непречено функционирање.

Според министерката Шахпаска, доколку во една градинка е исполнет капацитетот детето може да биде згрижено во друга градинка каде има слободно место, но само во рамки на иста општина.

Министерката за труд и социјална политика потсети дека останува на сила мерката вработените да бидат ослободени од работа доколку имаат деца до 10 годишна возраст. Таа додаде дека нема да се прави нов скрининг на вработените во градинките.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе