Шахпаска: Се пријавуваат само 15 проценти од случаите на семејно насилство

Бројот на случаи на семејно насилство што се пријавува во земјава е околу 15 проценти од реалната бројка.

Тоа се должи најчесто на економската немоќ на жртвата поради која е приморана да молчи или ако се осмели да се пријави, повторно да се врати кај оној што го извршил насилството.

Во случај на пријава пак, надлежните институции се соочуваат со голем број проблеми и предизвици како што се недостаток на докази или повлекување на пријавата од страна на жртвата, или пак пријавување на дела кои или се застарени или поради тоа што се случило во минатото не е можно да се докажат. За подобро сузбивање на оваа појава, меѓу другото, потребно е заострување на казните, размислување за квалификација на семејното насилство како посебно кривично дело, тоа да се гони по службена должност.

Ова се дел од ставовите на учесниците на денешната завршна конференција за промоција на финална анализа во рамки на проектот „Евалуација на стандардите за фер судење и пристап до правдата во судски предмети за семејно насилство и криминал од омраза“, во чии рамки биле спроведени повеќе активности, меѓу кои мониторинг на судски постапки од област на семејно насилство и криминал од омраза, увид во правосилни судски предмети од област на семејно насилство, анонимизирање на правосилни судски пресуди во Основниот кривичен суд во Скопје.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која учествуваше на конференцијата, истакна дека насилството во семејството претставува еден од најсериозните проблеми на денешницата и затоа, како што рече, кон негово решавање се пристапува енергично, темелно и одлучно. Таа потенцира дека многу од предизвиците на кои се упатува ќе бидат надминати со примената на новиот закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, кој е во финална фаза во собраниска процедура. Апелираше на поголема свеснсот за овој проблем и пријавување, бидејќи, како што рече, само 15 проценти од случаите се пријавуваат.

„Со новиот закон се регулира постапувањето на институциите со должно внимание при заштитата на жените од сите форми на родово-базирано насилство и жртвите на семејно насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите, мерките за превенција од родово-базираното насилство врз жените и семејното насилство, собирањето податоци за родово-базираното насилство врз жените и семејното насилство, како и брзо и ефикасно постапување на институциите, посебно судот во постапување и изрекувањето итни и на привремени мерки за заштита“, рече таа.

Министерката додаде дека жртвите се ослободени од судски трошоци во текот на судската постапка и имаат право да поднесе тужба пред граѓански суд за утврдување одговорност за непостапување со должно внимание од страна на надлежните институции.

За јавните обвинители како дел од судската постапка проблем во водењето на случаите е повлекувањето на предлогот за гонење, немањето материјални докази поради што треба да се одлучува во случај на два искази на инволвираните страни, но и задоцнетото пријавување на случаите.

Исто така, рече јавната обвинителка Лидија Ракчевиќ Вучкова, има честа промена на искази особено на децата кои како сведоци се доведени во состојба да сведочат против своите најблиски. Затоа, смета таа, со цел јавниот обвинител  подобро да може да ја води постапката потребно е да се обезбеди стручна поддршка и во истражните одделенија да има и психолози.

Судијката во Основниот кривичен суд во Скопје Билјана Коцевска смета дека голем проблем во пристапот до правтата е што овие случаи се гонат на предлог на жртвата. Со тоа смета таа голем број случаи остануваат нерешени, и затоа вели дека е добро да се размисли ова да биде засебно кривично дело, кое ќе се гони по службена должност. Според неа, потребно е и заострување на казнената политика.

Коцевска вели дека е потребна и работа и со жртвата и со насилникот за нивна целосна ресоцијализација, но, како што истакна потребно е и тие да бидат заштитени односно да не се дозволи со медиумиски информации во јавноста жртвите да бидат ревиктимизирани или насилниците однапред осудени.

Адвокатката Марта Гусар, меѓу другото, посочи дека е неопходно во сите постапки пред сите надлежни органи да бидат испочитувани предвидените рокови. Инаку, потенцира таа, не можеме да зборуваме за некаква заштита на жртвата по две години од насилството. Тука, додава, може да зборуваме за фемицид кој може да се случи ако насилството толкав период остане неказнето или пиради тоа што жртвата се одлучила да го пријави.

реклама

Прв воздушен напад на САД по наредба на Џо Бајден, 17 загинати

Read more

Peugeot го смени „лавчето“ – дали ви се допаѓа?

Read more

Некогаш беше најдебелото дете во светот, сега никој не може да го препознае

Read more

Петте најлоши пози во сексот

Read more

Македонија

Мијалков со полициска придружба спроведен во Затворот во Шутка

Read more

Не е постигнат напредок за учебниците по историја, за Гоце Делчев прашањето не било отворено

Read more

Нови 554 случаи со коронавирус, оздравени 210, починати осум пациенти

Read more

Заврши протестот за „Монструм“, повредени 7 полицајци

Read more
 

Вести

Мијалков со полициска придружба спроведен во Затворот во Шутка

Читај повеќе

Приведени осум лица по протестот за „Монструм“

Читај повеќе

Не е постигнат напредок за учебниците по историја, за Гоце Делчев прашањето не било отворено

Читај повеќе

Филипче соопшти детали за прегазениот доктор пред Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Нови 554 случаи со коронавирус, оздравени 210, починати осум пациенти

Читај повеќе

Заврши протестот за „Монструм“, повредени 7 полицајци

Читај повеќе

Филипче: 70 отсто од новите случаи се заразаени со британскиот сој

Читај повеќе
  • play_arrow

Демонстрантите потиснати кон Бит-Пазар, полицијата го спречи нивното движење

Читај повеќе
  • play_arrow

Ескалира протестот за „Монструм“ на Бит-пазар, полицијата употреби шок-бомби

Читај повеќе