Музика

Шакира обвинета за затајување данок

14. декември 2018 - 18:10 | МИА

Шпански државен обвинител поднесе обвинение за затајување данок против колумбиската пејачка Шакира, изјави денеска портпаролот на државниот обвинител.

Обвинителот наведува дека таа избегнала да плати повеќе од 14,5 милиони евра во период од три години, додека живеела во Каталонија, јави шпанската новинска агенција Еуропа прес.

Ова е најнов случај на позната личност обвинета за неплаќање данок во Шпанија, по истрагите во врска со фудбалерите Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Коментирај