Шакира откри зошто не сака да се омажи за Пике

Шакира во последно време е сѐ поискрена кога станува збор за нејзиниот љубовен живот.

Иако веќе десет години е во врска со фудбалерот Џерард Пике, колумбиската пејачка нема намера да се омажи, а сега откри и зошто.

Шакира во искрено интервју за списанието Holla кажа дека бракот ја плаши.

„Не сакам да се омажам. Искрено, бракот ме плаши. Не сакам да ме гледа како негова жена, туку како негова девојка, љубовница. Тоа е како забрането овошје, повеќе би сакала да го држам во неизвесност и да мисли дека сѐ е можно во зависност од неговото однесување“, изјави убавата Колумбијка.

Шакира (42) и Џерард (32) се запознаа кога таа го снимаше спотот за нејзината песна „Waka Wakа". Таа признава дека не можела, а да не забележи колку е убав младиот фудбалер.

„Не сум некој фудбалски обожавател и не знаев кој е тој. Но, кога го видов, ми беше многу симпатичен. Потоа и се запознавме официјално“, раскажува таа.

Во текот на нивната десетгодишна врска ги добија синовите Милан (6) и Саша (4).

„Никогаш не сме биле традиционална двојка. Немаме договор кој што ќе објави или соопшти, дали ги делиме задачите и слично. Меѓутоа, двајцата сме подеднакво вклучени во родителството и сите проблеми што излегуваат се трудиме да ги решиме на најдобар начин. Се поддржуваме еден со друг, но исто така имаме голема помош од нашите семејства“, рече Шакира.

реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Read more

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Музика

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Шакира: Ја ставив кариерата во мирување за Пике да може да игра фудбал

Read more

Најавени промени за Евровизија, организаторите сакаат да биде уште повозбудлива

Read more

Топ 10 најиритирачки песни на сите времиња

Read more
 

Сцена

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Читај повеќе
  • play_arrow

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Шакира: Ја ставив кариерата во мирување за Пике да може да игра фудбал

Читај повеќе

Оскаровците мора да почитуваат едно правило или Академијата би можела да ги тужи

Читај повеќе

Најавени промени за Евровизија, организаторите сакаат да биде уште повозбудлива

Читај повеќе
  • play_arrow

Чак Норис наполни 84 години - како изгледа денес?

Читај повеќе
  • play_arrow

Не сме ние стари, времето лета: 30 филмови што полнат 30 години во 2024

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе