Колумбиската ѕвезда Шакира ја освои наградата за најдобар латино поп албум на годината на Греми наградите синоќа, а во исто време ја вжешти атмосферата на церемонијата со огнен настап кој вклучуваше стомачен танц.

Шакира се појави на сцената на Греми 18 години по нејзиниот претходен настап и изведе спој на две нејзини песни - нејзиниот стар хит од 1998 година, „Ojos Así“ и „Las Mujeres Ya No Lloran“, кој беше вклучен во истоимениот албум за кој ја доби наградата.
Настапот го отвори со стомачен танц на песната „Ojos Así“ со делови од препознатливата кореографија од концертите.
Watch Shakira’s full performance at the #GRAMMYs – featuring an exclusive medley of Ojos Así & Bzrp Music Sessions! pic.twitter.com/GQ2Hi49BWM
— ShakiraMedia (@ShakiraMedia) February 3, 2025
Пејачката блескаше облечена во блескав златен дводелен комплет, со златни налепници на стомакот.
Таа претходно ја доби наградата за латино поп-албум на годината, која ѝ ја врачи Џенифер Лопес.
За време на својот говор, Шакира ја посвети својата награда на „сите наши браќа и сестри имигранти во оваа земја“. Шакира ја истакна својата посветеност на имигрантската заедница во САД, велејќи: „Секогаш ќе се борам со вас“.
Нејзиниот говор доаѓа кога Доналд Трамп влева страв во бројни имигрантски заедници во САД со масовни депортации низ целата земја.