Џердан Шаќири по 14 години реши да се повлече од швајцарската репрезентација. Својата одлука ја соопшти преку социјалните мрежи, поточно преку својот Instagram профил.

„Седум турнири, многу голови, 14 години во швајцарската репрезентација и незаборавни моменти. Време е да се збогуваме. Остануваат одлични спомени и време е да се збогувам со сите. Благодарам“, напиша 32-годишниот Шаќири.
Шаќири за швајцарската репрезентација одигра 125 натпревари и постигна 32 гола.
Тој е првиот европски играч кој постигнал гол во 6 последователни големи натпреварувања. Серијата ја започната на Мундијалот 2014 во Бразил. Тогаш беше стрелец за Швајцарија против Хондурас, па погоди на ЕУРО две години подоцна, па на Мундијалот 2018 во Русија, па на ЕУРО 2020, а постигна гол и на Мундијалот 2022 во Катар.
На ЕУРО 2024, кое заврши вчера, во фазата по групи постигна гол против селекцијата на Шкотска.