Фудбал

Шаќири пред дуелите со Ѕвезда: Спортот не е политика

22. октомври 2018 - 13:51 | М.Д.

Фудбалерот на Ливерпул, Џердан Шаќири, рече дека не е загрижен како ќе го пречекаат навивачите на Црвена Ѕвезда во Белград, кога Ливерпул ќе му гостува на првакот на Србија.

Бидејќи навивачите на Ѕвезда нема да можат да одат во Ливерпул оваа среда, Шаќири прашан за тоа што очекува од натпреварот во Белград рече дека тие ќе бидат тие кои ќе го исвиркуваат, но дека тоа е нормално и дека спортот не е политика.

„Секако, некои можеби ќе ме исвиркуваат, но на тоа ќе гледам како и на секој друг натпревар. На крајот на краиштата тоа е фудбалски натпревар. Тоа е важен натпревар и ние сакаме да победиме, спортот не е политика“, изјави Шаќири, а пренесува Liverpool Echo.

Швајцарецот со албанско потекло додаде дека сака да се наметне во тимот на Јирген Клоп кој неодамна му укажа голема доверба од стартот на мечот против Хадерсфилд.

Клоп, меѓутоа, не беше задоволен од многуте почетнички грешки во дуелот против Хадерсфилд и побара од фудбалерите тоа да го поправат на натпреварот со Црвена Ѕвезда во среда.

„Клоп го сака најдоброто од вас и бара секогаш да давате 100 отсто до себе. Ако види дека нешто не е на тоа ниво, тој ќе вика на вас, а тоа и го направи! Тоа е нормално. На крајот го добивме тој меч и тоа е најважно. Ќе мораме да анализираме и да видиме што е подобро, а што не е, но и самиот сум горд што не примивме гол, тоа е позитивно. Сега веќе набргу не очекува и нов натпревар“, заклучи Шаќири.

Од друга страна, соиграчот на Шаќири од Ливерпул, Џо Гомез, изјави дека Црвените во средата ќе играат против добра екипа која ќе ги третира со почит.

„Овие две меча со Ѕвезда можат да бидат клучни за пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите. Разочарани сме после Наполи и голот во финишот од средбата. И понатаму имаме се под контрола и можеме да ги освоиме потребните поени“, рече Гомез.

Коментирај