АФЦ ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020

Шампионот на Азија исфрлен од ЛШ поради позитивни на COVID-19

Саудискиот тим Ал-Хилал има огромен кластер на заразени со коронавирусот и не можеше да собере ниту минимум од 13 фудбалери за синоќешниот натпревар.

Дури 15 играчи од составот на Ал-Хилал изминативе неколку дена добија позитивни тестови, па актуелниот бранител на титулата во азиската Лига на шампиони вчера сакаше да истрча на терен со само 8 играчи плус голман. Имаше и резервен голман на клупата како единствена замена.

Ал-Хилал синоќа требаше да игра против тимот на Шабаб ал-Ахли од Дубаи во рамките на последното 6. коло од групата Б, но Азиската фудбалска конфедерација не дозволи натпреварот да се одигра бидејќи Саудијците имаа премалку играчи.

„Доколку еден тим има помалку од 13 играчи (вклучително 1 голман) за некој натпревар, од било која причина (без разлика дали е поврзано со COVID-19 или не), на клубот нема да му биде дозволено да го одигра натпреварот“, го читираше своето правило АФЦ.

URL

Шампионот беше непоразен со 11 бодови и дури и со службен пораз ќе ја поминеше групата, но АФЦ реши да го дисквалификува и сите негови резултати да ги поништи. Така, од оваа група во осминафиналето се пласираа узбекистански Пахтакор и Шабаб ал-Ахли од ОАЕ.

За Ал-Хилал настапуваат францускиот голгетер Бафетимби Гомис, италијанскиот мајстор за слободни Себастијан Џовинко и Перуанецот Андре Кариљо.

Азиската Лига на шампиони се прекина по две одиграни кола, а АФЦ одлучи групите од Западна Азија да се доиграат во Катар по принципот на УЕФА. Источните групи од Ориентот е планирано да се играат во ноември и декември.

реклама

Измерени повеќе од 15.000 пениси: Кој е златниот просек?

Read more

Зошто авионите не летаат преку Тихиот Океан?

Read more

Седум предмети преку кои е најголема шансата да се заразите со корона

Read more

Катапулт поза: Повеќекратен оргазам за неа, дрска игра за него

Read more

Фудбал

Расизам: Новинар го навреди асот на Барса

Read more

Фудбалерите напредуваа едно место на светската ранг листа

Read more

Конте: Ова не може да се споредува со киксот лани против Славија

Read more

Шампионот Баерн шампионски, Шахтар триумфално низ Мадрид

Read more

Спорт

Нов позитивен играч во Металург, целиот тим оди во изолација

Читај повеќе

Расизам: Новинар го навреди асот на Барса

Читај повеќе

Фудбалерите напредуваа едно место на светската ранг листа

Читај повеќе

Конте: Ова не може да се споредува со киксот лани против Славија

Читај повеќе
  • play_arrow

Шампионот Баерн шампионски, Шахтар триумфално низ Мадрид

Читај повеќе

Елмас и понатаму позитивен на корона, го пропушта дуелот со АЗ

Читај повеќе

Уште тројца ракометари на Тинекс Пролет позитивни на COVID-19, вкупно 12

Читај повеќе

Лоши вести за Интер – уште еден КОВИД позитивен играч

Читај повеќе
  • play_arrow

Погоди ги маскотите со Арсен Венгер

Читај повеќе