Авто новости

Шангај: Уште една Tesla се запали

23. април 2019 - 12:07 | Б.С.Б.

Надзорни камери во јавна гаража во Шангај го снимиле моментот кога се запалила Tesla Model S, за неколку секунди возилото исчезнало во пламенот. Од компанијата испратија тим експерти на увид, но не се расположени за изјава бидејќи истрагата е во тек. Доброто во целата работа е што никој не е повреден.

„Откако слушнавме за инцидентот во Шангај испративме тим на местото на настанот. Активно соработуваме со релевантните оддели на целосно разјаснување на ситуацијата“, објавија од Tesla на кинеската социјална мрежа Weibo.

Видео снимката стана популарна на кинеските медиуми, кои објавија како паркираната Tesla Model S почнува да чади, а потоа доаѓа до нагло ширење на пламенот.

Ова не е прв случај паркирана Tesla да се запали сама од себе.

Коментирај