Шанса за Центар: Герасимовски ја полни касата од издадени градежни дозволи

Граѓанската иницијатива Шанса за Центар вели дека за нив бетономешалки и кранови не се показател зa успех, откако градоначаникот Горан Герасимовски се пофалил дека општината има пари како никогаш претходно.

„На последниот брифинг, градоначалникот Герасимовски се пофалил дека општината има пари како никогаш досега, благодарение на 'доброто менаџирање'. Но, вистината е сосема поинаква и горчлива. На последната седница за ребаланс на буџетот дознавме дека 'успехот' не се должи на добри политики, туку на распродавање на јавниот интерес. Општината е полна со пари од издавање градежни дозволи, како резултат на спроведување на спорните детални урбанистички планови донесени пред 12 години, а кои го претворија секое слободно или зелено парче во просторот во градежна парцела“, велат од оваа граѓанска иницијатива.

„До ноември оваа година наплатени се дури 6,8 милиони евра од градежни дозволи или цели 2 милиона евра повеќе од планираното. Ова не е напредок, туку уништување! Со реализација на овие многупати оспорени планови се штитат само интересите на инвеститорите, а јавниот интерес е занемарен и тргнат настрана. Се уништува квалитетот на живот, се создава урбан хаос, а долгорочните последици ќе ги чувствуваме сите ние жителите. Бројот на бетономешалки и кранови не е показател за успех ниту за напредок! Ова е за аларм зошто вака Скопје никогаш нема да е град луѓето, а градоначалникот ќе биде запаметен како оној кој овозможи да победи профитот пред јавниот интерес“, завршува објавата на Шанса за Центар, која има тројца советници во Советот на Општина Центар.

реклама

Додека целиот свет зборува за Ормускиот Проток, знаете ли како всушност изгледа?

Read more

Апасиев за изборите во Унгарија: Лик од третиот ешалон на Фидес ќе биде власт

Read more

Човекот кој го победи Орбан: Кој е Петер Маѓар и каква е неговата политика?

Read more

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Read more

Македонија

Муцунски по обидот за палење на синагогата: Апсолутно неприфатливо, сторителите ќе одговараат

Read more

Апасиев за изборите во Унгарија: Лик од третиот ешалон на Фидес ќе биде власт

Read more

Филипче по поразот на Орбан: Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации

Read more

Сончево, но ветровито: Налети над 60 км на час долж Повардарието

Read more
 

Вести

Муцунски по обидот за палење на синагогата: Апсолутно неприфатливо, сторителите ќе одговараат

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР го истражува обидот за палење на синагога во Скопје, Еврејската заедница алармира за говор на омраза

Читај повеќе

Кремљ: Ја почитуваме волјата на Унгарците

Читај повеќе

Апасиев за изборите во Унгарија: Лик од третиот ешалон на Фидес ќе биде власт

Читај повеќе

Иран по блокадата на Трамп: Ниту едно пристаниште нема да биде безбедно

Читај повеќе

Трамп најави блокада: САД ќе запираат бродови поврзани со иранските пристаништа

Читај повеќе
  • play_arrow

Човекот кој го победи Орбан: Кој е Петер Маѓар и каква е неговата политика?

Читај повеќе

ЕУ може да ѝ отвори милијарди на Унгарија по победата на Маѓар

Читај повеќе

Филипче по поразот на Орбан: Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации

Читај повеќе