Шансата која ни ја даде „Виталиа” ни го промени животот

Да се најде добра работа во Македонија е тешко, но да се најдат вредни и трудољубиви вработени е уште потешко. Но, иако сите луѓе заслужуваат еднаква шанса и можност за кариера, малку се за жал компаниите во Македонија кои тоа го овозможуваат.

Виталиа е прехранбена македонска компанија за здрава храна, која сака да ги руши стереотипите и предрасудите, која отворено им пристапува на сите трудољубиви луѓе, и која на сите вработени им нуди еднакви можности за работа. Таков е и примерот со дел од децата штитеници од Домот за деца без родители „11 Октомври” кои добија можност да се вработат во компанијата и тука да го стекнат потребното искуство.

“Шансата која ни ја даде „Виталиа” ни го промени животот, ни даде верба и ни внесе оптимизам за успешна кариера, и многу сме среќни за тоа”, категорични ни изјавија дел од штитениците.

Како компанија Виталиа функционира како едно големо семејство, на вредни, посветени, работливи луѓе без оглед на нивното етничко, културно или социјално потекло.

„Од каде и да доаѓаме, пред сѐ сме луѓе. И знаеме колку се тешки почетоците, посебно во кариерата. И на сето ова, замислете дека немате никој да ви помогне, ниеден роднина со сопствен бизнис, пријател кој ќе ви позајми пари за да почнете или родител кој ќе ви остави наследство. Овие луѓе не заслужуваат да живеат со помалку од останатите, верувајте ми, сѐ што им треба е шанса. Станува збор за вредни вработени кои  не само што ја оправдаа нашата доверба, туку се и наша гордост и пример со кој се трудиме да ги мотивираме и нашите соработници и сите компании во Македонија да го направат истото.” – вели Искра Ветаџокоска Муцунска, менаџер и косопственик на „Виталиа”.

Општествената одговорност е активност која подразбира запазување на повеќе работи. Да произведете здрави, квалитетни и безбедни производи според потребите на потрошувачите, да помогнете на социјално загрозените слоеви, да дадете еднакви шанси за градење кариера секому, но и да се потрудите вредните вработени да бидат наградени соодветно за нивната продуктивност.

Македонската прехранбена компанија за здрава храна „Виталиа” оваа година прославува јубилејни 25 години од своето постоење - 25 години исполнети со многу работа, љубов и посветеност да се променат прехранбените навики на нацијата и да се подобри квалитетот на животот за сите.

*Промотивен текст

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе