Македонската компанија за визуелни ефекти и анимација ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на Shazam!
Shazam! е најновиот американски филм за суперхерој базиран врз карактер од DC Comics. Во режија на Дејвид Сандберг, ова е седмиот филм во низата филмови според DC Comics ликови.
Главниот лик го игра Ашер Ејнџел, во улога на Били Батсон, тинејџер кој може да се трансформира во возрасен суперхерој, возрасниот карактер го игра Захари Леви.
Ова е првиот филм со овој карактер од серијалот “Авантурите на Капетан Марвел” (оригиналното име на карактерот) креиран во 1941 година.
Македонската компанија ФХ3Х имаше чест да учествува во креирањето на визуелните ефекти на филмот Shazam! кој од денеска, 4 април, се прикажува во киното Синеплекс.