Суперхеројската авантура „Shazam!“ на Warner Bros. втор викенд по ред се наоѓа на врвот на бокс-офисот во САД и Канада, со заработка од 25 милиони долари.
Премиерните прикажувања на „Little“, односно на „Hellboy“ донесоа заработка од 15 милиони долари, односно 12 милиони долари, што не беше доволно да го симнат од престолот.
На четвртото место е хоророт „Pet Sematary“ со заработка од 10 милиони долари, додека „Dumbo“ заработи 9 милиони долари во вториот викенд на прикажување.
Ова е целосната листа на најгледани филмови изминатиот викенд:
1. Shazam! – 25 милиони долари
2. Little – 15
3. Hellboy – 12
4. Pet Sematary – 10
5. Dumbo – 9
6. Captain Marvel – 8,6
7. Us – 6,9
8. After – 6,2
9. Missing Link – 5,8
10. The Best of Enemies – 2 милиони долари.