ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Шчесни откри што се обложил со Меси пред пеналот

Фудбалерите на Аргентина ја совладаа селекцијата на Полска со резултат 2:0 и се пласираа во осминафиналето на Светското првенство.

Покрај целосната доминација на „гаучосите“, натпреварот го одбележа и пеналот што Војчех Шчесни го одбрани против Лионел Меси, а одличниот голман на Јувентус по мечот призна дека претходно му понудил на Лео облог досега невиден на фудбалските терени.

Аргентинците беа многу подобар ривал, а во 39. минута беше досуден многу дискутабилен пенал, за многумина непостоечки пенал, откако Шчесни го удри Меси во шеснаесетникот на Полска.

Спорниот момент е што голманот на Јувентус го фаулираше Меси откако Аргентинецот веќе имаше контакт со топката.

Оваа ситуација преку ВАР ја провери холандскиот судија Дени Макели, кој на крајот донесе одлука да покаже на белата точка.

Сепак, Шчесни мајсторски го одбрани пеналот на Меси, кој упати силен удар.

Полскиот голман во својата изјава по натпреварот откри дека бил толку уверен дека нема да биде досуден пенал што се обложил 100 евра со Меси додека ВАР ја разгледувал ситуацијата на стадионот 974.

„Не мислев дека ќе има пенал. Зборував со Меси пред пеналот и му реков дека можам да се обложам 100 евра дека судијата нема да го досуди. Така го загубив облогот против Меси. Знам дали тоа е дозволено на Светското првенство и веројатно ќе бидам казнет, ​​но во моментов не ми е гајле“, рече Шчесни со шеговит тон.

URL

И покрај поразот и слабата игра, Полска напредуваше поради подобра гол разлика од Мексико.

Аргентина во осминафиналето ќе игра против Австралија и овој натпревар е закажан за в недела. Ден претходно во осминафиналето својата пресметка ќе ја имаат Полска и Франција.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе