Шегата за тоа дали се пишува „вторник“ или „фторник“ е стара (иако некои луѓе уште мака мачат), а сега на оваа тема веќе имаме и билингвален кандидат.
Во групата Прифатилиште за преведувачи и толкувачи / Translator-Interpreter Pound на Facebook денеска осамна овој бисер на ЈП Паркинзи на Општина Центар. Не знаеме која е поентата „петок“ (Friday) да се преведе како „Thursday“, ама сигурни сме дека некој зел плата за ова. Платена со народни пари.
Ајде на здравје, Скопје!