ТУРБУЛЕНЦИИ ВО КАТАЛОНИЈА

Шефот на Барса: Ако Меси јавно каже дека останува, ќе си дадам оставка

Сагата наречена Лионел Меси и Барселона продолжува и денеска и прашање е уште колку долго ќе трае.

Претседателот на каталонскиот клуб, Жузеп Марија Бартомеу, е подготвен да се повлече од функцијата, но само под еден услов.

Шпанските медиуми објавија дека Бартомеу е подготвен да даде оставка ако Меси јавно каже дека ќе остане во Барселона.

URL

Аргентинецот веќе испрати бурофакс до клубот каде игра 20 сезони, известувајќи го дека сака да си замине користејќи клаузула во договорот.

Веста го потресе фудбалскиот свет и предизвика протести во Барселона, а многумина сметаат дека главната причина зошто Меси сака да си замине е токму Бартомеу, бидејќи капитенот не е задоволен од начинот на кој актуелниот претседател го води клубот.

Шпанските медиуми додаваат дека Меси одлучил да замине, без разлика на ставот на Бартомеу, а има шпекулации и дека Аргентинецот не сакал да одговори на телефонските повици на актуелниот претседател на Барселона.

Пред 20-ина дена, Бартомеу во интервју за beIN SPORTS изјави дека главната ѕвезда на Барса нема да си оди и дека ќе игра уште три или четири сезони по што ќе замине во пензија.

„Не го велам ова само јас. Самиот Меси го кажува, дека сака да ја заврши професионалната кариера во Барселона и дека тоа е единствениот клуб за него“, рече тогаш Бартомеу.

Секако, останува отворено и најголемото прашање: Каде следно ќе заигра Меси?

Remote video URL
реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Фудбал

Роналдо ненадејно ја напушта Саудиска Арабија и се враќа во Европа?

Read more

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Read more

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Read more

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Read more
 

Спорт

Роналдо ненадејно ја напушта Саудиска Арабија и се враќа во Европа?

Читај повеќе

Милвоки без Адетокунбо за отворање на плејофот

Читај повеќе

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Читај повеќе
  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе