Шефот на Jaguar разочаран од „гнасната омраза и нетрпеливост“ кон новата реклама

Извршниот директор на Jaguar изјави дека е разочаран од „гнасната омраза и нетрпеливост“ што се рашири по објавувањето на новата реклама на автомобилската компанија.

Брендот за луксузни автомобили објави видео од 30 секунди на X во вторникот на кое се прикажани модели кои позираат во облека со светли бои, но не и возила.

Клипот предизвика бурни реакции на интернет и има околу 120.000 коментари, а извршниот директор на социјалната мрежа Илон Маск напиша: „Дали продавате автомобили?“

Извршниот директор на Jaguar, Радон Гловер, изјави за Financial Times: „Ако ја играме истата игра како и сите други, едноставно ќе се удавиме. Затоа не треба да се појавиме како автомобилски бренд. Треба повторно да го воспоставиме нашиот бренд и тоа по сосема поинаква цена, па мораме да постапиме поинаку“.

Гловер додаде: „Не сакаме нужно да ги изгубиме сите наши клиенти. Но, треба да привлечеме нова база на клиенти“.

Тој негираше дека видеото требало да биде „woke“ и рече дека е разочаран од „гнасната омраза и нетрпеливост“ во коментарите за поединците во видеото.

Како одговор на коментарите на Маск на X, од Jaguar рекоа: „Да. Со задоволство ќе ви покажеме. Дали ќе ни се придружите во Мајами на 2 декември?“

Одговарајќи на друг корисник кој праша каде се автомобилите, компанијата рече: „Приказната се развива. Останете со нас“.

Тагови
реклама

Авто новости

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Read more

Се заострува спорот за платите во Volkswagen: Синдикатот се подготвува за тешка борба

Read more

Range Rover Sport „на струја“: Автономија до 600 км и 542 коњски сили

Read more

Како се тестира издржливост на автомобилите во Индија?

Read more

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Читај повеќе

Се заострува спорот за платите во Volkswagen: Синдикатот се подготвува за тешка борба

Читај повеќе
  • filter

Range Rover Sport „на струја“: Автономија до 600 км и 542 коњски сили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како се тестира издржливост на автомобилите во Индија?

Читај повеќе

Електричниот седан Jetta M6 во Кина чини 10.600 евра: Зошто сè е толку поскапо во Европа?

Читај повеќе

Дали знаете што значи „психологија на празен резервоар“?

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа во 2026 година?

Читај повеќе

Германски автомобил на годината 2027: Избрани најдобрите по класи

Читај повеќе

Volvo ќе го прекине производството на неколку модели во Шведска, загрозени се 3.000 работни места

Читај повеќе