Шефот на Јуве сака суперлига: Зошто Аталанта да игра во ЛШ?

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, е најголемиот заговарач за фудбалска суперлига во која би играле најголемите европски клубови, а на самитот во Лондон зборуваше за натпреварување кое би било далеку посилно од сегашната Лига на шампиони.

„Почитувам сѐ што прави Аталанта, но без историја на европската сцена и само благодарение на една добра сезона имаа директен пат во елитното европско натпреварување. Дали е тоа правилно или не? Потоа помислувам на Рома која во изминатата година даде голем придонес за рејтингот на италијанскиот фудбал. Имаше само една лоша сезона и испадна од елитата, со сите последици кои се одразија на нејзините финансии“, рече Ањели.

Шефот на Јувентус би сакал да се редизајнира Лигата на шампиони и цели на моделот на НБА за да бидат заштитени великаните.

„Треба да ги заштитиме нашите инвестиции. Дали во тој случај Аталанта би имала помали шанси да заигра на врвно ниво? Не морам да одговорам на тоа прашање, мора да направиме транспарентен процес кој ќе нѐ доведе до вистински одлуки. Има екипи кои освојуваат лига или куп и автоматски се квалификуваат во европско натпреварување. Само на основа на националниот коефициент. Поентата е да направиме рамнотежа меѓу она со кое придонесува клубот за европскиот фудбал и неговите резултати во една сезона“, додаде Ањели.

За потсетување, Аталанта е на дофат на четвртфиналето на ЛШ откако ја победи Валенсија со 4:1 во Милано, додека Јувентус во првата средба од осминафиналето изгуби од Лион со 1:0.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Фудбал

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе