Шефот на ОН: Повторно ни се заканува нуклеарен конфликт

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека по неколку децении повторно ни се заканува ризик од нуклеарен конфликт и ги повика државите кои го имаат ова оружје да се обврзат дека нема први да го употребат.

„Секој напад врз нуклеарен објект е самоубиство“, рече Гутереш, коментирајќи ги извештаите за обновено руско гранатирање на најголемата европска нуклеарна централа Запорожје во Украина.

Гутереш одржа прес-конференција во Токио, откако во саботата присуствуваше на Меморијалната церемонија на мирот во Хирошима, за да ја одбележи 77-годишнината од првото атомско бомбардирање во светот, пишува Reuters.

Тој, исто така, ја повика Јапонија да го запре јавното и приватното финансирање на проекти поврзани со ископувањето јаглен, како дел од заложбата за намалување на емисиите на фосилни горива.

Обвинувања за нуклеарен тероризам

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси во саботата изрази голема загриженост за гранатирањето на Запорожје, предупредувајќи на опасност од можна нуклеарна катастрофа, која може да ја загрози животната средина и јавното здравје во Украина и пошироко.

Фабриката во Запорожје беше окупирана од руските воени сили на почетокот на војната, но таму сè уште работат украински техничари.

Во петокот, далноводот во централата беше гранатиран и погоден, принудувајќи ги операторите да го затворат реакторот, иако не беше откриено истекување на радиоактивно. Двете страни се обвинија меѓусебно за „нуклеарен тероризам“ во саботата.

Украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом ја обвини Русија за штетата, додека руското Министерство за одбрана ги обвини украинските сили за гранатирање на централата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе