Останати спортови

Шефот на УФЦ откри што е потребно за реванш меѓу Хабиб и Конор

12. декември 2019 - 20:00 | А.С.

Дејна Вајт, првиот човек на УФЦ, потврди дека можно е наскоро да го гледаме реванш мечот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор.

Овие двајца ММА борачи во моментов имаат закажано борби, па ако остварат победи, организацијата УФЦ би можела да предложи реванш на една од најпознатите борби во историјата на овој спорт.

„Ако Мекгрегор го победи Сероне, а Хабиб-Фергусон, тогаш наскоро ќе гледаме реванш меѓу Конор и Хабиб“, потврди Вајт во разговор за BT Sport.

Дагестанецот Нурмагомедов во октомври, 2018 година брутално го порази Ирецот Мекгрегор во Лас Вегас, а потоа нивните тимови се судрија надвор од рингот, што резултираше со суспензии и за двајцата борачи.

Конор, кој најави повлекување и се попишмани, нема влезено во октагонот по поразот од Хабиб. Следна борба му е УФЦ 246 на 18 јануари, 2020 година против Доналд Сероне. 

Коментирај