Шек за дебелиот Дончиќ: Подобар е од 99,9% од НБА бековите

Лука Дончиќ е главна тема на американските медиуми по најголемиот трејд во НБА во последните триесет години, во кој Словенецот стана член на Лос Анџелес Лејкерс.

Таму беше трејдуван од Далас Маверикс, а ESPN објави дека една од причините е тежината на Дончиќ, која наводно изнесува 122 килограма.

За многумина оваа приказна нема апсолутно никаква смисла бидејќи Дончиќ и претходно имаше вишок килограми, па сепак стана од најдобрите кошаркари во светот. За ова зборуваше и легендарниот Шекил О'Нил.

„Треба да знам кој е точниот термин. За што зборуваат? Кога ќе речете вон форма, дали е дебел? Зборуваме ли за телесни маснотии?“, се праша популарниот Шек.

„Дебелиот Лука Дончиќ е подобар од 99,9% од сите бекови во НБА“, додаде тој.

Шек, кој и самиот добиваше критики за прекумерната тежина во текот на кариерата (со 216 сантиметри тежеше околу 150 килограми), се присети како не тренирал во текот на летото затоа што имал обврски - семејство, деца и слично. Подоцна, за време на претсезоната и самата сезона, тој постигнуваше идеална форма.

„Тоа беше мојот метод, ми функционираше“, се присети О'Нил, а она што е исто така интересно е што легендарниот центар рече дека верува дека Далас Маверикс се победници на трејдот што го шокираше светот и дека профитирале најмалку во следните две години.

реклама

Четворица исклучени во жестока тепачка во НБА, и полицијата влета на терен

Read more

Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Read more

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Read more

3 хороскопски знаци на кои им се палат сите зелени светла во февруари

Read more

Кошарка

Четворица исклучени во жестока тепачка во НБА, и полицијата влета на терен

Read more

Јокиќ надмина уште една легенда и сега е втор по трипл-дабл во историјата

Read more

Нереален пресврт на Бостон: Губеше 22 разлика и сепак го победи Мајами

Read more

Јокиќ само што се врати го истегна глуждот - нова пауза?

Read more
 

Спорт

Италијанците најдоа решение откако олимписките медали почнаа да се распаѓаат

Читај повеќе
  • play_arrow

Шкендија ја совлада Струга во дербито, Тиквеш броеше до 6 против Шкупи

Читај повеќе
  • play_arrow

Томас-Љоренс доби дозвола, вечерва ќе лизга со музиката од Minions

Читај повеќе

Рибери се спомнува во документите за Епстин

Читај повеќе

Победа се откажа од играњето во втората лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Им требал двоглед: За седишта кај чавките на Супербоул платиле 3.400 долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Четворица исклучени во жестока тепачка во НБА, и полицијата влета на терен

Читај повеќе

Првата лига се буди од зимскиот сон со коло од вторник до четврток

Читај повеќе

Роналдо го прекинува штрајкот

Читај повеќе