Шекеринска: Нема да дозволиме Русија да го опструира договорот со Грција

Загреб, 13 јули 2018 (МИА) - Македонија нема да ѝ дозволи на Русија да го опструира Договорот со името со Грција, кој на Скопје му ја отвори вратата за влез во НАТО, порача денеска во Загреб министерката Радмила Шекеринска.

- Отсекогаш говоревме дека сакаме добра соработка со Русија, но одлуките се на нас. Македонија донесе одлука, изјави Шекеринска пред новинарите по состанокот на министрите за одбрана од регионот со американскиот секретар Џејмс Матис, што ја пренесе хрватската агенција ХИНА и српските медиуми.

Шекеринска додаде дека жали поради одлуката за протерување на дипломатите од Грција, како и дека македонската Влада „ќе остане будна и фокусирана“ на примена на договорот со Атина.

- Референдумот и донесените одлуки се во корист на граѓаните и нема да допуштиме ничие мешање на тој пат, потенцира министерката за одбрана Шекеринска.

Спред неа, одлагањето на приемот на Македонија во НАТО од 2008 година, предизвикало тешка политичка, стопанска и финансиска криза во земјата.

- Нема да дозволиме тоа никогаш повеќе да се случи, изјави Шекеринска.

Медиумите од Хрватска и Србија потсетуваат дека Македонија доби покана за членство во НАТО, како и на вчерашната реакција од Москва според која Русија смета дека Македонија со сила е вовлечена во НАТО, потег кој само ги продлабочува поделбите и напнатоста во Европа.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе