Шекеринска: Овој НАТО Самит беше историски за земјава

„Ова беше историски самит. Ќе остане во аналите како наша прва шанса не само да сте на масата, туку да бидете присутни во целиот процес“, рече вечерва министерката за одбрана Радмила Шекеринска во врска со првиот Самит на Алијансата на кој земјава учествуваше како рамноправна членка.

-Огромна е промената од тоа да бидете некаде во Коминикето спомнати како држава во конфликт, како држава со надеж дека ќе стане членка која на крај заврши со вето и да се провлекувате се подолу на агендата само со политичка желба дека некогаш ќе станете членка, до оваа ситуација кога членството на Северна Македонија во НАТО се смета како еден од успесите на Алијансата и како доказ дека отворените врати не биле само теоретски, истакна Шекеринска.

Прашањето за спорот со Бугарија и почнувањето на преговорите со ЕУ од нашата страна, според министерката, се отворило на секоја од билатералните средби, и официјални и неофицијални, и на „масата“ и во ходниците.

-Ова беше прашање со кое почнувавме и завршувавме. Консензусот е многу силен и во рамките на НАТО и во групата земји-членки на ЕУ дека е тоа навистина неопходно, потенцира Шекеринска, навраќајки се на изјавата на францускиот претседател Макрон кој кажа дека земјава заслужи почеток на преговорите.

Овој пат, додаде Шекеринска, беше јасно дека Франција нема да блокира, но изјавата на Макрон не е доволна.

-Ние овој проблем и со поддршка на НАТО и со поддршка на членките на ЕУ мора да го решаваме. Тоа не значи дека треба да бидеме наивни и да мислиме дека некој друг ќе дојде со пакетчето и ќе каже „ова е решението“. Прво ние треба да бидеме најзаинтерсирани за решение, а второ, мора да бараме дополнителен ангажман и од страна на европските партнери. За нас е многу важна поддршката на Франција која ќе биде малку посуштинска да си ја одработиме и дополнително, не да зависиме од тоа дали францускиот претседател ќе има резерви околу проширувањето на ЕУ, околу нас или околу Албанија. Земјава мора да ја заврши и својата домашна задача, рече Шекеринска.

Нашиот проблем, напомена, е политички. Последниов период инвестиравме во повеќе контакти и обиди да ја заинтересираме Франција, што вроди со плод. Членството во НАТО, пак, е важниот влог за членството во ЕУ да биде достижно.

-За да побарате помош  не треба да треснете на масата. Доволно е да ги кажете своите аргументи. На Самитот беше спомнато и многу отворено дека целта на НАТО не е само пасивизирање на регионот, туку и шанса за негов напредок. Самитот изобилуваше и со коментари колку НАТО и ЕУ треба заеднички да работат, истакна министерката.

На НАТО Самитот, како што информира Шекеринска, неколку претседатели на земји членки предложиле годинава, кога ќе се работи на новиот стратешки концепт на Алијансата, да се дискутира за потребата државите да се обврзат на вид етички кодекс или кодекс на однесување при што клучното прашање би било да имаат многу попроактивен однос во решавањето на меѓусебните проблеми. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе