Шекеринска: После години стагнација пред вратите на НАТО, сега сме на своето заслужено место

- По состанокот на лидерите на земјите – членки на НАТО во Лондон, може со гордост, со крената глава, да кажеме успеавме! Горди сме на успехот на државата и благодарни за поддршката, ова е заеднички успех на сите наши граѓани. Секој наш сограѓани, секој Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак… има чувство на победа и има причина да биде горд. После години стагнација пред вратите на НАТО, сега сме свои на своето заслужено место во најмоќниот сојуз, истакна денеска на прес-конференција заменик – претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Нашето место, посочи, е онаму каде што беше и нашето знаме, меѓу насилните, најмоќните, најбогатите демократски земји во светот.

– Со учеството на Самитот на НАТО, нашата татковина ја потврди определбата за целосно споделување на принципите за заедничка безбедност и за градење силни трансатлантски односи со најмоќниот воен и политички сојуз заснован на демократски вредности. Обезбедивме цврсти граници за безбедна иднина на нашите деца, за сите наши граѓани!

Процесот на ратификација на Протоколот за пристапување е на самиот крај, останува само уште Шпанија. Веќе е извесно дека влегуваме во безбедносен штит на најмоќниот воен сојуз во светот. Трајно ќе ги заштитиме нашите граници и територија и стануваме фактор за стабилност во регионот, рече Шекеринска.

Таа потенцира дека НАТО не носи придобивки само за безбедноста и стабилноста, туку и за економијата и развојот на целокупното општество. Членството во Алијансата носи нови и големи странски инвестиции во економијата, инвестиции кои отвораат нови работни места и поттикнуваат раст на платите и извозот.

– Економските придобивки се веќе видливи. Откако се откочија интеграциите и стана извесно дека сме на прав пат и дека стануваме членка на НАТО, сумата на странски инвестиции значително порасна. Во периодот од јули 2013 – јуни 2015, има 457 милиони евра странски директни инвестиции.

Во периодот од јули 2017 – јуни 2019, има 741 милиони евра странски директни инвестиции. Тоа се 300 милиони евра повеќе сега, со СДСМ, отколку во време на ВМРО-ДПМНЕ. Ваквиот тренд на раст на странските инвестиции но и севкупен раст на економијата очекувано е дополнително да се засили откако и официјално ќе пристапиме како 30 земја – членка на Алијансата, рече Шекеринска.

Нагласи дека со членството во НАТО се создава можност компаниите од нашата земја да учествуваат во тендерски постапки за потребите на НАТО алијансата. Се работи, посочи, за пристап до значителен буџет, што се мери во милијарди евра, а тоа ќе биде дополнителен ветер во грб за нашите компании.

– Политиките и храбрите чекори што ги презедовме како одговорна и државотворна партија даваа резултати. Ако го погледнете резултатот на новиот Индекс за глобален мир ќе видите дека нашата држава, навистина, и во очите на оние што објективно ја анализираат, бележи сериозен напредок по прашањето на мир и стабилност. Ако во 2017 година сме рангирани на 103 место со Руанда и Јордан, две години по ред нашата земја е земја со најголем напредок на оваа листа на Индекс на мир и стабилност.

Во првата година го подобривме својот рејтинг за 15 места, а во последната година за 23 места, и од 103 место, денес сме на 65 место. Единствена држава што за толку краток период бележиме толку брз раст, истакна Шекеринска.

Од изолирана и поделена земја, со кревка економија, потенцира, денес сме држава со конкурентна економија, сојузник со демократскиот свет.

– И не застануваме тука. Преку конкретни мерки и политики продолжуваме да работиме на остварување на зацртаните цели кои носат придобивки за државата, за економијата, за граѓаните, за сегашните но и за идните генерации. На прав пат сме. Ги остваруваме стратешките интереси, градиме иднина во НАТО и ЕУ, додаде Шекеринска.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе