Шекеринска: „Рекет“ покажаа дека никој не е над законот, тој мора да важи за сите

Скопје, 19 јануари 2020 (МИА) – Случајот „Рекет“ и сите истраги поврзани со него покажаа дека навистина никој не е над законот, вели вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за Радио Слободна Европа, додавајќи дека тоа е така затоа што веќе никој на го крева телефонот на судии и на обвинители за да им каже што да прават.

Таа оценува дека барањата на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле насочени кон правда, туку кон лаги, дезинформации и бегство од одговорност.

– Приказната или нивните реакции врзани за овој случај е ишкање на мувата за да не видиме колку државата се променила во овие две и пол години. Јас ќе ви кажам еден обичен пример за кој информираа невладините организации коишто ги следат различните предмети во судството. Ако ги анализирате предметите со таканаречените бомби ќе видите дека првиот случај за кој требаше една година и половина за да влезе во судска постапка веќе три години е заглавен во судски лавиринти. И овие денови врз основа на она што се случува во случајот „ТНТ“, гледаме како тоа го прават. Прво се бега од рочишта, потоа се бара одлагање на рочиштата, потоа се менуваат адвокати, па луѓето коишто зборуваа против употребата на албански јазик, наеднаш ангажираат адвокати кои бараат сè да им се преведе на албански јазик, додава министерката за одбрана.

Таа потенцира дека според анализите на една невладина организација, 60 проценти од сите рочишта врзани за бомбите се одлагаат, па затоа четири години подоцна сè уште овие предмети тапкаат во место без крај.

– Е сега ако го споредите тоа со процесот којшто се случуваше, а врзан со „Рекет“, ќе видите дека разликата е огромна. За нецели шест месеци имавме од наоди во јавност, истрага, предистрага, обвинителен акт, неколкумина во притвор и рочишта коишто се случуваат по неколку во неделата. Знаете зошто? Заради тоа што никој од Владата, од владејачкото мнозинство или од политичарите не диктира веќе пресуди. Не го креваме веќе телефонот на судии и на обвинители да им кажеме што да прават. И пораката од почетокот на владата беше иста – За секој мора да важи законот. Никој не е над законот и случајот „Рекет“ и сите истраги поврзани со тоа покажаа дека навистина никој не е над законот. Она што го прави ВМРО-ДПМНЕ е да не натера да не гледаме како сега и во функција на опозиција се трудат да ја опструираат правдата, наведува Шекеринска.

Министерската за одбрана потенцира дека Јавното обвинителство сега може да истружува сè и во ниеден момент никој од власта не се обидел да го спречи тоа.

– Инаку, ако земеме список кој сè бил не само кај криминалецот, туку и кај бегалецот Груевски, ВМРО-ДПМНЕ треба да ја затвори партијата, вели Шекеринска во интервјуто за Радио Слободна Европа.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more
 

Вести

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе