Шекеринска: Време е да ги почнеме преговорите со ЕУ зашто заслуживме

Скопје, 13 јуни 2019 (МИА) – Време е Европскиот совет да ја следи јасната препорака на Европската Комисија и да одреди датум за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во Унијата, порача министерката за одбрана, Радмила Шекеринска од Конференцијата за европска безбедност во Гармиш-Партенкирхен.

Работевме, посочи таа, напорно да создадеме аргументи за почеток на преговорите. – Го решивме прашањето со Грција, потпишавме договор со Бугарија и со тоа Северна Македонија е единствената балканска држава која нема отворено прашање со која било од соседите, рече министерката на Конференцијата организирана од угледниот Европски центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“.

Мојата земја, потенцираше, е брилијантен пример за помирување и добрососедство и ми претставува исклучително задоволство што Северна Македонија е на чекор до полноправно членство во Алијансата, со потпишан пристапен протокол и ратификации на овој протокол од повеќе од половина НАТО – земји.

Шекеринска истакна дека земјата е посветена и на домашните реформи – за само 24 месеци, со промената на претходната Влада, демократијата се консолидираше, зацврстено беше владеењето на правото и се навлезе кон решителни процеси на трансформација во сите области – политиките, јавната администрација и општеството.

Во реформските чекори, не беше испуштена ниту одбраната каде беа направени суштински чекори – донесување на клучни, стратегиски документи, грижа за секој припадник на Армијата, развој на интероперабилноста, информираше министерката.

Од аспект на односите и влијанијата во Југоисточна Европа, како тема на Конференцијата, министерката посочи дека постоеле обиди за дезинформации поврзани со процесот на полноправно членство на Северна Македонија во НАТО, особено пред референдумското изјаснување на граѓаните за договорот со Грција. Единствениот одговор на овие дезинформации, рече Шекеринска, е земјата да е цврста и сигурна на својот зацртан пат и да има силно лидерство.

„Северна Македонија знае каде оди и има храбри и силни лидери“, заклучи министерката.

На маргините на конференцијата, како што соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска се сретна со заменик – директорот на Европскиот центар за безбедносни студии, бригаден генерал Јохан Бергер, кому му се заблагодари за можностите за едукација и образование на персонал од Министерството и Армијата во „Џорџ Маршал“ центарот. Од 1998 година досега, над 400 лица завршиле курсеви реализирани од овој Центар, додека над 700 учествувале на разни активности организирани од „Џорџ Маршал“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе