Кошарка

Шекил О'Нил потроши 1 милион долари за роденденската забава на ќерката

14. ноември 2017 - 19:12 | М.Д.

Поранешниот легендарен кошаркар на НБА Шекил О'Нил заедно со својата сопруга приредиле незаборавна прослава за 16-тиот роденден на ќерката Амира Мими што ги чинела дури милион долари.

„Шекил и Шејн имаат пет деца и сѐ што прават во животот го прават за нив“, изјави претставникот на Шејн О’ Нил.

Роденденската забава за Амира била одржана во хотелот W Hollywood каде познатите родители го изнајмиле целиот последен кат за сите гости.

 

@yg got this thang rockin

A post shared by DR. SHAQUILLE O'NEAL Ed.D. (@shaq) on

Со изобилство храна и пијалаци, до доцна во ноќта се забавувале стотици пријатели на Мими.

Гостите на прославата ги забавувал популарниот рапер YG, а меѓу присутните била и Кори Бродус, ќерка на раперот Снуп Дог.

Секако, ниту една роденденска забава не може без подарок, а според медиумите, Шекил на ќерката ѝ подарил Mercedes од 122.400 долари.

 

Shout out to @yg for blessing my baby sweet 16 I owe u one big homie @michaelrapaport #mimisweet16

A post shared by DR. SHAQUILLE O'NEAL Ed.D. (@shaq) on

„Минатата вечер беше толку забавна“, напиша Мими на Instagram.

Коментирај