Shell престана да увезува гас и нафта од Русија, ги затвора бензинските пумпи таму

Енергетската компанија Shell денеска соопшти дека ќе престане да купува руска нафта и гас и ќе ги затвори своите бензински пумпи во таа земја.

Британско-холандската компанија во соопштение рече дека „постепено“ ќе престане да користи сирова нафта, нафтени деривати, природен гас и течен природен гас од Русија.

Украинскиот министер за надворешни работи пред неколку дена ја критикуваше Shell дека продолжува да купува руска нафта, односно дека продолжува да работи со владата на претседателот Владимир Путин.

„Ние сме целосно свесни дека нашата одлука минатата недела да купиме одредена количина руска сирова нафта за да се рафинира во производи како што се бензин и дизел не беше правилна, иако беше донесена со цел да се стабилизира синџирот на снабдување. Се извинувам“, изјави извршниот директор Бен ван Берден.

„Како што веќе рековме, добивката од преостанатите количества руска нафта ќе ја пренасочиме во наменски фонд“, додаде тој.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека Shell „дискретно“ купила нафта во петокот и ја повика јавноста да изврши притисок врз компанијата.

„Едно прашање за Shell: Зарем руската нафта не мириса на украинска крв?“ напиша Кулеба на Twitter.

„Ги повикувам совесните луѓе ширум светот да побараат од мултинационалните компании да ги прекинат сите деловни врски со Русија“, додаде тој.

Зголемување на цените на нафтата

Дискусиите за забрана за увоз на нафта од Русија во понеделникот ги подигнаа цените на највисоко ниво од 2008 година, на 139 долари, поттикнати од стравувањата дека САД и Европа би можеле да го забранат увозот на руска нафта. Во текот на денот ситуацијата малку се смири и цената се лизна на 123 долари.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, цените се зголемија за околу една третина.

Тие го достигнаа највисокото ниво од почетокот на тргувањето на финансиските пазари во летото 2008 година, кога со барели се тргуваше по речиси 150 долари, потсетува агенцијата dpa.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе