Шербеџија му се заблагодари на Манчевски што бил дел од неговиот сон

Скопје, 19 декември 2019 (МИА) – Кинотеката синоќа свечено ја одбележа 25-годишнината од премиерата на „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, најуспешниот филм во македонската кинематографија, со промоција на мапа со репродукции на постерите од светската дистрибуција на филмот и со негова проекција. На неформална филмска вечер актерот Раде Шербеџија, кој го игра главниот лик, изјави дека во тоа време „Пред дождот“ за него бил спас.

– Јас тогаш живеев во Лондон и кога се запознавме, после кастингот кога ја добив улогата, Милчо ми рече дека ја пишувал баш за мене. Го прашав како за мене кога не ме ни познава. Ми рече дека уште од дете ги гледал сите мои филмови и дека Живојин Павловиќ е неговиот најомилен режисер. Таа интима, тоа што го има во неговите филмови е таму оти тој ги создавал тие дела уште од дете, тоа го прави голем автор. И сите тие големи режисери и глумци, од Стенли Кјубрик до другите големи со кои после работев, сите ми имаат кажано дека „Пред дождот“ е еден од најдобрите филмови што го виделе. Сакам да му кажам фала на Милчо што бев дел од неговиот сон, рече Шербеџија.

Милчо Манчевски раскажа анегдота кога по премиерата на фестивалот во Венеција во 1994 организаторот му кажал да биде во близина оти можеби ќе треба да се врати. Тој заминал за Лондон.

– Едно утро ми се јави една жена од фестивалот и ми рече дека треба да се вратам во Венеција зашто ќе добијам награда. Ја прашав – добра? Ми рече – мислам дека ќе ти се допадне. Ме праша под кое име ќе дојдеш во Венеција, оти не може под твоето за да не дознаат новинарите дека си тука и да објават пред фестиваот дека си добил награда. Ми текна на името Васко, по еден братучед кој неодамна беше починал. А презиме – ме праша таа. Е не знам презиме, ѝ реков. Ме праша може ли Гонзалга. Ѝ реков може. И така кога дојдов во Венеција на аеродромот ме чекаше човек со табла на која пишуваше Васко Гонзалга. До почетокот на церемонијата за награди не знаев дека сум добил „Златен лав“. Тоа е една приказна за името и идентитетите, рече Манчевски.

На филмската вечер посветена на четврт век од неговиот прв игран филлм, присуствуваше и останатата екипа: Петар Мирчевски, Мето Јовановски, Александар Микиќ, Нино Леви, Сузана Киранџиска…

Мапата што беше промовирана содржи репродукции на постерите за „Пред дождот“ од 30-тина земји и ја промовираше филмската критичарка Марина Костова, која соработуваше на овој проект на Кинотеката. Мапата е издание на Кинотеката и ќе биде достапна во нејзината книжарница.

Костова зборуваше за речиси 10-годишниот процес на архивирање на одгласите во светскиот печат за „Пред дождот“, што следуваа по освојувањето на „Златниот лав“ во 1994, кога филмот играше во кината на 60-тина земји и на уште толку фестивали во светот проследено со илјадници текстови и објави во медиумите.

Вчера напладне годишнината на „Пред дождот“ беше одбележана и во МАНУ.

Претседателот Стево Пендаровски на напиша: „Искрени честитки до режисерот Милчо Мначевски и до целата екипа на култниот филм „Пред дождот“. Првпат филмот беше прикажан пред 25 години и до ден денеска не стивнуваат позитивните коментари за едно од најголемите остварувања на македонската филмска уметност. Вчера вечер заедно со сопругата Елизабета Ѓоргиевска имавме чест да поразговараме со главниот протагонист во „Пред дождот“ Раде Шербеџија и секако со Милчо Манчевски чија креативност на филмот му донесе „Златен лав“ за најдобар филм во Венеција и номинација за наградата Оскар“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе