Шерон Стоун: Роберт де Ниро и Џо Пеши беа од ретките колеги кои не беа женомразачи

Шерон Стоун ги пофали Роберт де Ниро и Џо Пеши за нивното однесување како актери, зборувајќи за мизогинијата во Холивуд.

Стоун, која работеше со двајцата актери на гангстерскиот филм „Casino“ од 1995 година, рече дека ниту еден од нив не се однесувал „мизогино“ на кој било начин кога работеле заедно. По тоа појаснување, ѕвездата на „Basic Instinct“ отворено „распали“ за женомразачкото однесување што не било реткост меѓу холивудските актери.

„Работев со некои од најголемите ѕвезди во бизнисот, кои буквално не престануваа да зборуваат додека јас снимав во крупен кадар, кажувајќи ми што да правам“, изјави таа за Variety. „Беа толку мизогини, но во нив не се вбројуваат Роберт де Ниро и Џо Пеши, тие не се такви“.

Стоун продолжи, објаснувајќи: „Тие [актерите во главна машка улога] едноставно не ме слушаа и не дозволуваа јас да влијаам на нивната изведба со мојата изведба. Тоа не е одлична глума. Мислам, сфаќам дека си одличен и сите мислат дека си прекрасен. Но, слушањето, присуството во тие расцепкани моменти е вистинското човечко искуство“.

Актерката го заокружи навраќањето на нејзиното искуство од работата со овие ѕвезди, велејќи: „Не сум баш популарна во Холивуд бидејќи луѓето не сакаат да ги слушаат, како што велат, моите зае*ани мислења. Можеби е тоа поради мојата посветеност, можеби затоа што сум само некако чудак. Но, јас го работам ова за да бидам присутна кога глумам“.

URL

Со години кружат гласини за наводни тензии на снимањето меѓу Стоун и нејзиниот колега Мајкл Даглас, со кого ги играа главните улоги во „Basic Instinct“. Говорејќи набргу по објавувањето на филмот, Стоун рече дека намерно не го запознала Даглас премногу добро, така што секоја тензија помеѓу парот зад сцената ќе може да продолжи и во нивните изведби пред камера.

„Навистина чувствував дека можеме да имаме одредена чудна, динамична енергија заедно. Никогаш не ми беше удобно околу него и мислам дека и нему не му беше удобно покрај мене“, рече Стоун за Playboy Magazine.

Тагови
реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

Голем пробив во преговорите: Се наѕира историски договор меѓу Иран и САД

Read more

Зошто Винисиус и Белингам се скараа на натпреварот против Баерн?

Read more

Филм & ТВ

Том Круз: Ми требаа 40 години за да можам да ја одиграм оваа улога

Read more

Зендаја избегнува да се „начекаат“ со Сидни Свини

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Сидни Свини имала само едно барање за нејзиниот лик во третата сезона на Euphoria

Read more
 

Сцена

  • play_arrow
  • filter

Камбек на Кралицата на поп-музиката: Мадона најави нов албум

Читај повеќе
  • play_arrow

Том Круз: Ми требаа 40 години за да можам да ја одиграм оваа улога

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Зендаја избегнува да се „начекаат“ со Сидни Свини

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Шакира: Има посебно место во пеколот за жените кои не им помагаат на другите жени

Читај повеќе
  • play_arrow

Сидни Свини имала само едно барање за нејзиниот лик во третата сезона на Euphoria

Читај повеќе

Како младите од Генерацијата Z ќе го вратат во живот одењето во кино?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што ќе се случи со ликот на Ангус Клауд во Euphoria по смртта на актерот?

Читај повеќе

Дилерката на Метју Пери чека пресуда и казна

Читај повеќе